00:38 - 7 ноември, 2026

(Фото) Лени Кравиц на тајна журка во Белград со најбогатата Србинка

Познатиот рокер Лени Кравец е во Белград. Славниот музичар во тајност слетал во Белград ден пред големиот концерт на Ушќе, а белградските папараци го фотографирале во центарот на градот, кога со својот тим излегувал од познат ресторан.

Кравиц бил одлично расположен, а сега се појавија фотографии од тајната забава на која присуствувал, а на која била и една од најбогатите Србинки – Ана Дивац, сопруга на легендарниот кошаркар Владе Дивац.

Ана Дивац објавила фотографија со популарниот пејач и ги воодушевила сите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Divac (@ana_divac)


Судејќи според нејзините објави, синоќа во познат белградски ресторан во центарот на Белград се одржала приватна забава, на која се појавил и Лени, а сè било во строга тајност.

Ана гордо ја објавила нивната заедничка фотографија на својот инстаграм-профил, а заедно со сликата на која двајцата се видливо расположени и со насмевка на лицата, кратко напишала: „Добре дојде во Белград“.

Ана објавила и фотографија со еден од членовите на тимот на Кравиц, а потоа на нејзиниот профил се појавила и фотографијата со самиот Лени.

За оваа пригода, таа носела тесна, црна комбинација и ефектно сако во зелена боја, додека Лени Кравиц бил во својот препознатлив стил – фармерки и кожена јакна, каубојски чизми, темни очила за сонце и впечатливи додатоци.

Ана Дивац фотографирала и еден детаљ на масата – необична саксија со цвеќиња, со опис: „Приватна забава“.

Лени Кравиц, музичар чии хитови обележаа генерации, уметник кој ги полни арените ширум светот и секој настап го претвора во чиста магија, подготвува спектакл во Белград.

Тој утре ќе настапи на Ушќе, а со него доаѓа и ДЕ’ВЕЈН, рок-ураган на новата генерација кој го освојува светот со брзина на светлината.

Неговата харизма, енергија и безвременски звук одамна ѝ се познати на публиката, па затоа се очекува вечер полна со адреналин, легендарни хитови и настап што ќе се памети со години.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....