21:32 - 6 ноември, 2026

Рано е за Нова година? Северина не мисли така! Пејачката откри во кој град ќе пее за дочекот на 2027

Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ ќе настапи на централниот новогодишен концерт во Тузла и ќе ги воведе граѓаните и гостите на градот во 2027 година.

Новогодишниот концерт ќе се одржи на 31 декември на Плоштадот на слободата, а одлуката за ангажманот на Северина веќе е официјализирана.

Според достапните информации, Туристичката заедница на Град Тузла на 2 јуни склучила договор со компанијата „Агенција Зеус“ за организација на настапот. Вредноста на договорот изнесува 230.000 конвертибилни марки без ДДВ, односно околу 117.600 евра.

Во образложението на одлуката се наведува дека Северина, како една од најпознатите музички ѕвезди на просторите на поранешна Југославија, ќе ги забавува граѓаните на Тузла, но и бројните посетители од Босна и Херцеговина и регионот кои се очекува да пристигнат за новогодишната прослава.

Организаторите очекуваат концертот на Плоштадот на слободата да привлече илјадници посетители и дополнително да ја збогати празничната атмосфера во градот.

Повеќе детали за комплетната програма за дочекот на Новата 2027 година во Тузла се очекуваат во наредните месеци.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....