23:57 - 1 ноември, 2026

Царски австриски десерт со цреши

Популарниот австриски десерт, познат и како Kaiserschmarrn, добива сочна летна нота со додаток на свежи цреши. Ова се потребните состојки и начинот на подготовка:

Состојки:

четири јајца
250 мл млеко
150 г меко брашно
еден ванилин шеќер
прстофат сол
две лажици шеќер
50 г путер
300 г исчистени цреши
шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките.

Жолчките, млекото, брашното, ванилиниот шеќер и солта измешајте ги во мазна смеса.

Во посебен сад изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па внимателно вмешајте ги во смесата со жолчките.

Во поголема тава растопете го путерот. Истурете ја подготвената смеса и рамномерно распоредете ги исчистените цреши.

Печете на средно силен оган додека долната страна не добие златно-кафена боја.

Со две виљушки или шпатула разделете го тестото на помали, неправилни парчиња.

Продолжете со печење и повремено мешање додека сите парчиња не се испечат од сите страни. Послужете топло, обилно посипано со шеќер во прав.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....