13.8 C
Скопје
00:45 - 13 октомври, 2026

Милица Тодоровиќ го прекина настапот и ги насмеа сите: „Зошто си тука, ако не ти се допаѓа музиката?“

Милица Тодоровиќ го прекина својот настап за да им се обрати на група момчиња во клубот, предизвикувајќи смеа и воодушевување кај публиката.

По подолга пауза поради породувањето, популарната пејачка Милица Тодоровиќ повторно се врати на сцената и уште на првиот настап успеа да ја крене публиката на нозе и да создаде одлична атмосфера во клубот. Ситуацијата дополнително се вжешти кога среде изведба на една песна го прекина настапот за директно да им се обрати на група момчиња во публиката, кои делувале нерасположено.

Очигледно расположена за шега, пејачката од сцената им упати духовита забелешка и јавно ги прозва поради недостигот од енергија, што предизвика смеа и воодушевување кај присутните.

„Брате, кажи ми, јас не можам да го гледам ова. Кажи ми“, рече таа, по што настана кратка непријатна тишина.

„Па ти не ги сакаш овие песни, зошто си дошол?“

Потоа низ смеа му се обрати и на неговото друштво:

„А вие сте го донеле на сила, а тој е типичен рокер, нели?“

Милица потоа од сцената им порача дека сака да ги види како се забавуваат.

„Момци, момци! Малку весело, весело“

Пејачката Милица Тодоровиќ се повлече од јавноста кога остана бремена, а дури неодамна почна повторно да им се враќа на настапите. Малкумина знаат дека таа со години наназад има сопствена фирма преку која го води своето работење.

 

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо

Сакам да пеам на Евровизија: Карлеуша изненади пред концертот во Скопје

Еспресо

Џејла Рамовиќ го поддржа Јаков Јозиновиќ по бурата реакции за песната на Томпсон

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани со емотивна порака за роденденот на татко ѝ Гаги: „Те сакам многу“

Еспресо
Се вчитува....