24.8 C
Скопје
18:02 - 30 април, 2024

(Фото) Вртоглавите подароци на Џони Деп за Амбер додека љубовта цветала: Од дијаманти до уникатен автомобил, ретка книга од Хемингвеј, уметнички слики….

Пред да се влошат работите меѓу Џони Деп и сегашната поранешна сопруга Амбер Херд, ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ потрошил голема сума пари за купување екстравагантни подароци за тогашната љубов на неговиот живот – Амбер Херд.

watchlist / Instagram

Како еден од најплатените актери во Холивуд, Деп беше на врвот на својата кариера и многу вљубен, како што цитираат британските медиуми, кога Херд поднесе барање за развод по само 15 месеци брак, тврдејќи дека е жртва на семејно насилство. И додека трае судскиот спор, чекаме вести за тоа што ќе се случи следно.

Еве дел од списокот на раскошни подароци со кои Деп некогаш ја опсипал жената што сега ја тужи за 50 милиони долари.

инстаграм

Уникатен прилагоден Форд Мустанг од 1968 година: 150.000 американски долари

Деп потрошил неверојатни 150.000 американски долари за да ја изненади својата тогашна невеста Амбер Херд, љубителка на автомобили,  со уникатен Форд Мустанг од 1968 година.

Автомобилот специјално за неа бил направен во цреша нијанса, и добил винтиџ изглед.

Обетки со дијаманти како подарок за Божиќ: 50.000 американски долари

Деп сигурно знаел како да го освои срцето на својата девојка, покажувајќи ја својата љубов и обожавање на големи начини. Според Life & Style, тој потрошил 50.000 американски долари за да купи дијамантски обетки од Нил Лејн за изненадувачки божиќен подарок на Херд во 2013 година. И не биле само обетки, туку купил и ѓердан со дијамантски приврзок.

Ретка книга од Ернест Хемингвеј за 28-от роденден на Херд: 155.000 американски долари

Херд е страствена љубителка на книги. Нејзин омилен автор е Сајмон Себаг Монтефиоре, најпродаваниот и наградуван писател по историја и белетристика, според нејзината своевремена изјава. Но таа сака и научна фантастика, книги од овој тип секогаш носи на филмските сетови.
Не е ни чудо што Деп потрошил 155.000 американски долари на уникатна книгана Ернест Хемингвеј за својата партнерка што ја сака литературата за да го направи нејзиниот 28-ми роденден екстра посебен. Станува збор за ретка книга – првата збирка раскази на Хемингвеј објавена во 1925 година.
amberheard / Instagram
И не само тоа, според Evening Standard, Деп ѝ купил на својата тогашна свршеница неколку поетски книги од 18 век и кожен Дневник за дополнителни 150.000 американски долари.

Веренички прстен од петкаратни дијаманти: 100.000 американски долари

Се разбира, предлогот на Деп беше исто толку екстравагантен како и неговите многубројни подароци, ако не и повеќе. Тој, наводно, ја запросил својата тогаш 27-годишна девојка со неверојатен веренички прстен од пет карати со дијамант вреден 100.000 американски долари, во јануари 2014 година.

Реименување на неговата јахта како свадбен подарок: 33 милиони американски долари

По повеќе од три години врска, Деп, тогаш 51, се ожени со Херд, тогаш 28, во неговиот дом во Лос Анџелес во 2015 година, по што следеше интимна церемонија на неговиот приватен остров на Бахамите, Little Hall’s Pond Cay. Набргу потоа, тој ѝ ја препишал својата јахта од 33 милиони американски долари како свадбен подарок за неговата нова сопруга.
инстаграм

Првично наречен Вајолироја (комбинација на неговата поранешна девојка Ванеса Паради, неговото име и имињата на нивните деца Лили-Роуз и Џек), Деп го сменил името на својата сакана јахта долга 47,5 метри во Амфитрит, морската божица и сопругата на Посејдон во грчката митологија.

Џ.К. Роулинг подоцна ја купила луксузната јахта со суптилна пиратска тема за 215 милиони американски долари.

Фото deppressead / Twitter

Слика на Леонор Фини: 245.000 американски долари

Во 2017 година, „Холивуд репортер“ го нарече Деп „ѕвезда во криза“ затоа што потрошил голем дел од неговото богатство од 650 милиони американски долари што го заработил во текот на 13 години. Се тврдеше дека „ѕвездата е надвор од контрола“ и дека многу троши на екстравагантни работи, вклучително и над 5 милиони американски долари за три острови на Бахамите, 2 милиони американски долари за месечни сметки и 30.000 американски долари месечно за вино.

Покрај тоа, Деп наводно купил три слики на Леонор Фини од галерија на Менхетен, по желба на Амбер. Додека две чинеле 320.000 американски долари, третата била подарок од 245.000 американски долари за Амбер Херд.

(Фото) Џони Деп е „пират“ од Карибите на својот приватен остров, за жал јахтата ѝ ја подарил на Херд како свадбен подарок

Слични објави

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva

(Фото) Раста пуштен од болница на домашно лекување: А дома, изненадување!

еспресо

Јована Јеремиќ откри колку заработува за еден час: Јас сум деловна жена, плаќам некој да ми ја чисти бањата

Еспресо

Шокантно признание на Северина: Пред породувањето лежев на одделението за онколошки пациенти

Еспресо

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Еспресо
Се вчитува....