23.8 C
Скопје
15:49 - 19 октомври, 2026

(Фотогалерија) Национален Парк Галичица – дом на европските елени, но и на биолошка уникатна разновидност

Кралот на шумите, европскиот елен го најде својот дом во Националниот Парк Галичица. По неколку децении пауза, кога речиси беше доведен до истребување, повторно се создадоа услови, европски елени да ја збогатат фауната на Галичица. Основна причина за предлогот е отпочнатиот процес на сукцесија во високо планинските пасишта.

Сега со враќањето на елените се обидуваме да го вратиме активното управување со овие живеалишта, фото – приватна архива

– Високо планински пасишта (тревни екосистеми) на Националниот парк Галичица кои имаат значителна вредност со големо богатство на биолошка разновидност, се создадени со интеракција на локалното население и природата со векови со традиционални практики за пасење овци и говеда. Во одреден временски период таквиот начин на интеракција се изгубил заради напуштањето на традииционалната испаша на стока на овие предели. Сега со враќањето на елените се обидуваме да го вратиме активното управување со овие живеалишта – објаснува Андон Бојаџи раководител на одделението за заштита на природата во Јавната установа национален парк „Галичица“.

Новиот дом е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица.

– Репродуктивниот центар за Европски елен (Cervus elaphus) се наоѓа на локалитететот „Косто бачило“, изграден е на површина од 85 хектари ограден е со специјална жичена ограда, инфраструктурни објекти. Донесовме 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци. Елените ги добивме преку УНДП од ловиштето на Ниџе Планина. Сите беа здрави, добро оформени, со добра крвна линија, погодни за репродуктивен центар.

Заштитата и зачувувањето на високо-планинските пасишта се од голема важност поради тоа што тие се карактеризираат со висока биоразновидност на ендемични растителни и животински видови, а исчезнувањето на овие видови ќе значи и промена на самото живеалиште, условите во него, како и самиот пејаж во Националниот Парк Галичица.

– Репродуктивниот центар е изграден исклучиво за одгледување и враќање на елените во Паркот, а строго забрането е лов и други недозволени активности. Враќањето на Европскиот eлен на падините на Галичица, ќе овозможи природен циклус на испаша, зачувување на природните карактеристики на високо-планинаиските пасишта, но ќе допринесе и за поголема заштита од пожари бидејќи пасиштата нема да бидат обраснати со високи треви кои претставуваат висок ризик за ширење на пожарите во случај на ветер и големи температури  – вели Андон Бојаџи.

Според карактеристиките мажјаците имаат силно развиени рогови. Женките се собираат во крда кои ги предводи доминантна женка. Живеат во листопадни шуми и планински предели, а како тревопасни животни најчесто пасат на шумските ливади и ги брстат лисјата од дрвјата и грмушките. Нивната реинтродукција во Паркот придонесува за одржување на високопланинските пасишта и спречување на сукцесивните процеси, но и за восхитување на нивната убавина покрај постоечката на Галичица.

 

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....