17.8 C
Скопје
11:38 - 3 мај, 2024

(Фото) Работи во три смени, а четвртата – резервирана за цвеќињата: Дијана Петковска ни ги отвори вратите на нејзиниот двор во село Лажец

Дијана Петковска не се паши од работа. Имено, работи во дабрика во три смени. А сепак, наоѓа време и за дворот. И што е најважно – за оваа убавина, прилично големиот двор, одговорна е самата таа!

Секогаш наоѓам време за цвеќињата, кога би била послободна и повеќе би им се посветила. Ама работата во три смени не е лесна. Фото – приватна архива

– Отсекогаш сум била љубителка на цвеќиња – ни вели Дијана.

Дворот се простира на двестотини квадратни метри, а се наоѓа во село Лажец, оддалечено 15 километри од Битола.

– Ги сакам многу петуниите и сурфиниите, некако ми се многу харизматични. Оваа година имам и 1001 цвет, имам трендафили, лимони, зокуми, кампанули, калиопи, неколку сардели… – ни ги набројува цвеќињата кои доминираат во дворот.

Но тоа не е се, има и ловоров лист, рузмарин, емпатии…Неколку зимзелени борчиња, куќна среќа, чувар на куќата…Накусо, убавина до убавина!

Се разбира, време и посветеност треба за дворот. Но иако презафатена, тоа не ѝ е проблем на Дијана.

– Секогаш наоѓам време за цвеќињата, кога би била послободна и повеќе би им се посветила. Ама работата во три смени не е лесна – признава таа.

Советува дека за дворови кои се под сенка идеални цвеќиња би биле емпатиите и не сакаат многу големо внимание, само вода, додека на „шарена“ сенка одлични се палмата и хортезиите.

За Дијана предизвик во врска со дворот е тоа што секогаш сака да биде среден, требата искосена, или како што вели – „и најмало пердувче или непотребно ливче се наведнувам да го отстранам“.

– Би средила и поубаво – открива – имам бројни идеи, ама не само време, треба и финансиски средства.

Совет од Дијана за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување на цвеќе?

– Пред сè треба да сакаат да го одгледуваат, а јас не знам некој едноставно што не сака цвеќе.

Инаку, Дијана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Дијана во село Лажец.

Фото – приватна архива

(Фото) „Колку повеќе цвеќиња во дворот, повеќе мир во душата“, Билјана Митрева ни ги отвора вратите на дворот во Велес

Слични објави

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо
Се вчитува....