21.8 C
Скопје
23:18 - 8 септември, 2026

(Фото) Џони Деп е „пират“ од Карибите на својот приватен остров, за жал јахтата ѝ ја подарил на Херд како свадбен подарок

Глумецот кој во моментов е актуелен со судењето против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, во 2004 година, на врвот на неговата слава, си купи остров, кој се наоѓа на локацијата каде се снимаа кадри на еден од неговите најпознати филмови – Пиратите од Карибите. 

Во раните 2000-ти, Џони Деп беше на врвот на својата популарност. Во тоа време, холивудската ѕвезда си купи цел остров, сега негов ексклузивен имот, кој исто така беше домаќин на неколку кадри од филмот Пиратите од Карибите.

Островот на Џони Деп се наоѓа во архипелагот Ексумас. Денес се нарекува Little Hall’s Pond Cay. Ова е името што сам му го дал актерот. Не е баш луд трошок, со оглед на тоа што се работи за остров и со оглед на огромниот имот на ѕвездата: 3,6 милиони долари. Природата владее насекаде. Денес тука има куќа со ранч, и со панорамски поглед на секоја страна.

Напојувањето е целосно со сончева енергија, за да се заштити околината. Најголемиот трошок била јахтата – односно нејзиното чување и одржување кое чини 8 милиони долари.

Кога Деп се ожени со Амбер Херд, по повеќе од три години врска, (тогаш тој имаше 51, а таа 28 години) во 2015 година, следеше и интимна церемонија на неговиот приватен Бахамски остров, Little Hall’s Pond Cay. Набргу потоа, тој ѝ ја поклонил својата јахта од 33 милиони американски долари како свадбен подарок за неговата нова сопруга.

„Мислам дека никогаш не сум видел место толку чисто и убаво. Може да почувствувате како вашиот пулс се намалува за околу 20 отчукувања додека сте таму. Ја чувствувате моментално слободата. Молкот за мене е опстанок“, рече своевремено Деп.

Островот е 45 хектари и може да се пофали со шест плажи со бел песок. Сите овие се преименувани од Џони Деп со имиња на луѓето што му се најдраги. Две се посветени на Лили-Роуз и Џек, неговите деца. Останатите плажи се викаат Ванеса, Гонзо (прекар на починатиот актер Хантер С. Томпсон) и Марлон Брандо.

Островот го открил и веднаш го купил снимајќи кадри од филмот Пиратите од Карибите. Веднаш се вљубил во овој рај. Сега тоа е неговото катче за мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Piraino (@danpiraino)

 

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....