9.8 C
Скопје
02:48 - 29 април, 2024

(ФОТО) Сте го виделе синот на ЏОНИ ДЕП? Страда за случајот со Амбер Херд, не сака да биде ѕвезда, а „плукнат“ е на тато!

Џони Деп има две деца со поранешната партнерка пејачката, глумица и модел Ванеса Паради. Првата – Лили Роуз Деп – тргна по стапките на нејзиниот татко и мајка, градејќи своја филмска кариера. Синот пак, наместо тоа реши да се држи подалеку од светот на филмот и шиубизнисот. Во матичната служба бил заведен како Џон Кристофер Деп III, но на сите им е познат само како Џек.

Денес има дваесет години и покрај тоа што е син на две големи познати личности и брат на ѕвезда во подем, тој одлучи да се држи подалеку од светот на рефлекторите. Со многу приватен живот, на социјалните мрежи протекоа неколку фотографии од младиот Џек, но неколкуте се доволни за да покажат колку личи на татка си, особено кога Деп бил на иста возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Depp 🦦 (@jackjohndepp)

Иако не е ѕвезда и не се впуштил во филмска кариера, Џек сепак има фан страна на Фејсбук.

Родено во Франција, момчето пораснало помеѓу Париз и Лос Анџелес. Сè што знаеме за него протече од некои интервјуа со неговиот татко, кој откри дека и тој е со немирен дух, а згора на тоа и „вешт дизајнер. Никогаш не искажа желба да стане актер. Но, тој знае да црта многу добро“.

Страста за музиката е семејно наследство, бидејќи таткото е исто така дел од бендот, Холивуд Вампајр. Џек пак, по стапките на тато, формирал бенд наречен Clown Boner, во кој тој е гитарист. Кога татко му дознал за ова, открил дека „не ни треба тест за татковство, ова е мојот син!“

За разлика од неговата сестра, Џек многу страдаше во последните неколку години поради вмешаноста на неговиот татко во случајот против Амбер Херд. Пред неколку години, всушност, актерот откри дека „мојот син оди на училиште и мора да трпи заговор од неговите пријатели кои му кажуваат дека татко му е насилен маж со жени“.

Меѓутоа, во меѓувреме, момчето продолжува да го поддржува својот татко и да станува сè повеќе како него.

Малку се знае за неговиот љубовен живот. Пред неколку години тој беше забележан рака под рака со манекенката Камил Џенсен, приказна која сега е завршена.

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....