06:07 - 29 ноември, 2026

(Фото) Шефот на Тесла, Илон Маск се сретна со папата Франциск, разговар на тема „подобар свет“

Со четири од неговите седум деца, милијардерот ја објави фотографијата што го прикажува со Светиот Отец. 

Илон Маск, најбогатиот човек на сите времиња, на Твитер ја објави фотографијата на која е со папата Франциск и четири од неговите седум деца.

Во костум и вратоврска, лево од папата до кој може да се види стапот – кој неколку месеци му помага да оди поради проблем со коленото, тајкунот вчера беше примен од Папата во приватна посета која траеше нешто повеќе од половина час, пренесуваат италијанските медиуми.

Средбата, се одржала во Каза Санта Марта, а за време на средбата креаторот на Tesla и SpaceX му ја претставил на папата својата визија за тоа како најдобро да ја искористи технологијата за да го подобри светот.

„Чест ми е што го запознав папата“, напиша тој во коментар на Твитер со постираната фотографија на која децата родени од првиот брак со писателката Џастин Вилсон се насмевнуваат пред објективот на фотографот.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....