20:18 - 18 април, 2024

Неделен хороскоп (4 – 10 јули): Љубов за Овните, нови средби за Раковите, добри вести за Вагите…

Оваа недела планетата Марс ќе влезе во знакот Бик, додека планетата Меркур ќе ги напушти Близнаците за да влезе во знакот Рак… А вие, во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: викенд на љубовта!
Оваа недела планетата Меркур ќе изврши неповолен транзит кон вашиот знак, што може да ви донесе дополнително назадување или пречка на работното поле. Ништо сериозно: вие сте заштитени од Јупитер што ви гарантира долгорочен успех! Поволната Венера ви овозможува супер-романтичен викенд. Пазете се од нервозната Месечина помеѓу среда и четврток.

Бик: добредојде Марс!
Драги Бикови, оваа недела планетата Марс ќе влезе во вашиот знак: почнувајќи од вторник ќе почувствувате добра енергија и ќе започне фаза на опоравување за вас. Сепак, внимавајте на месечината во опозиција меѓу петок и сабота, кои ќе бидат два прилично нервозни дена… Меркур се враќа на ваша страна почнувајќи од 5-ти: наскоро би можеле да пристигнат добри вести на полето на работа.

Близнаци: жешки денови!
Драги Близнаци, од вторник планетата Меркур ќе го напушти вашиот знак и може да има помалку можности на работното поле отколку во последниот период кој беше прилично наелектризиран. Сепак, планетата Венера останува со вас, подготвена да ви овозможи неколку дефинитивно „жешки“ денови што се однесува до чувствата. Лош ден: недела, со Месечина во опозиција.

Рак: добредојде Меркур!
Дали сте подготвени да го пречекате Меркур во вашиот знак? Почнувајќи од вторник, планетата на комуникацијата ќе блесне во вашиот знак и ќе ви донесе многу нови средби и интересни можности. Исто така од вторник планетата Марс ќе престане да е неповолна и ќе ви донесе нов здив на енергија со што помалку ќе го чувствувате стресот од последниот период. Денови на среќна месечина: вторник, петок и сабота.

Лав: малку уморни…
Оваа недела – почнувајќи од вторник – планетата Марс ќе изврши неповолен транзит за вашиот знак, кој би можел да ви донесе малку поголем психофизички замор во следниот период. За среќа, Венера ќе се погрижи да ве расположи! Планетата на љубовта е подготвена да ве поддржи и да ви подари денови полни со емоции. Среќна Месечина во среда, четврток и недела. Нервозна месечина: петок и сабота.

Девица: со месечината во знакот!
Драги Девици, вашата недела започнува на одличен начин, со два месечеви денови: помеѓу понеделник и вторник би можеле да добиете добри вести… Понатаму, почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе престане да ве попречува професионално и ќе почне да дејствува во ваша полза, подготвена да ви даде нови можности. Венера, во неповолна положба, носи кавги и недоразбирања во вашиот приватен живот.

Вага – добри вести!
Драги Ваги, конечно добри вести! Почнувајќи од вторник, планетата Марс повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак и, малку по малку, ќе можете да си ги вратите енергиите по прилично стресниот месец јуни… Понатаму, помеѓу среда и четврток, прекрасна Месечина ќе блесне во вашиот знак, подготвена да ви донесе среќа и да ви подари моменти на голема романса. Венера е на ваша страна и ја поддржува вашата врска.

Шкорпија: Марс во опозиција…
Драги Шкорпии, оваа недела за жал планетата Марс ќе дојде во опозиција со вашиот знак: почнувајќи од вторник за вас ќе започне прилично стресен период и на физички и на психички план. За среќа, ќе можете да сметате на поддршката на Меркур, кој од вторник ќе се врати да ви се насмее и подготвен е да ви пружи интересни состаноци, неочекувани можности и добри вести на работното место.

Стрелец: љубовни проблеми
Драги Стрелци, и оваа недела ќе мора да се справите со спротивставувањето на планетата Венера, што ви го прави љубовниот живот особено напнат. Најспорни денови ќе бидат понеделник и вторник, кога и Месечината исто така е во неповолна положба. Но, има добра вест: од вторник планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција! Работната ситуација која ве загрижува конечно ќе се расплетка и реши во ваша корист!

Јарец: Меркур во опозиција
Драги Јарци, за жал оваа недела – почнувајќи од вторник – Меркур ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Заедно со Јупитер во неповолна положба, оваа планета би можела да предизвика блокади или забавување на полето на работа, кои за жал ќе можат позитивно да се решат само во текот на есента. Марс, сепак, станува активен во ваша корист и ви помага да вратите малку енергија.

Водолија: Марс неповолен …
Почнувајќи од вторник, планетата Марс ќе направи неповолен транзит со вашиот знак, кој би можел да ви ја одземе – во наредните недели – енергијата. Љубовта ќе се погрижи да ви ја врати: Венера на ваша страна е подготвена да ви подари недела полна со убави емоции. Најсреќните денови кои се бакнати од Месечината се среда, четврток и недела. Денови за релаксација: петок и сабота.

Риби: Месечина во опозиција
Драги Риби, вашата недела започнува со два прилично тешки денови: понеделник и вторник, Месечината во опозиција може да ги нагласи кавгите и недоразбирањата. Пред се грижи ќе ви создава сентименталната сфера поради Венера во неповолна положба. Убаво закрепнување, сепак, на работниот план: почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе се врати да ви се насмее, подготвена да ви даде нови можности!

Слични објави

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави приватна преписка со нејзиниот татко! Овие зборови нема никого да остават рамнодушен

Еспресо

Големата парада на планетите до крајот на април: Што да очекуваат хороскопските знаци? 

еспресо
Се вчитува....