17.8 C
Скопје
21:59 - 10 мај, 2026

(Фото) Први фотографии од Меган и Хари на јубилејот на кралицата; Меган во Лондон како на денот пред свадбата

Принцот Хари и неговата сопруга Меган беа овековечени за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, на нивното прво јавно појавување во Велика Британија откако го напуштија кралското семејство.

Минатиот април војводите од Сасекс се сретнаа со кралицата Елизабета Втора во Виндзор, во периодот кога патуваа за Хаг, Холандија, каде што присуствуваа на Игрите Инвиктус.

Во некои снимки објавени од британските медиуми, војводата и војвотката од Сасекс се шегуваат во друштво на децата на кралското семејство и разговараат со војводата од Кент, братучед на кралицата, кој се појави покрај неа на балконот на Бакингемската палата за време на воената парада Trooping the Colour.

Хари и Меган не беа видени заедно во Обединетото Кралство во јавноста откако ја напуштија улогата на вработени членови на кралското семејство во јануари 2020 година. Ќерката Лилибет – именувана по прекарот на кралицата – никогаш не ја запознала Елизабета Втора ниту остатокот од кралското семејство, додека Арчи не ги видел од неговата шест месечна возраст.

Хари и Меган не се појавија на балконот на Бакингемската палата на настанот Trooping the Colour во чест на прославата на 70-годишнината од владеењето на Елизабета, токму поради тоа што повеќе не се членови на кралското семејство кои извршуваат службени функции. Сепак, тие ја гледаа парадата од канцеларијата на генерал-мајорот, која гледа на главниот плоштад кадешто се случуваше настанот, а таму беа заедно со другите внуци на кралицата Елизабета кои не учествуваат во поворката со кочии или во појавувањето на балконот, како на пример, принцезата Беатрис и принцезата Евгенија.

Инаку, коментарите на фановите на Меган се дека таа се појавила во Лондон во асиметричен темен фустан, речиси ист модел каков што носела на свечениот коктел на денот пред свадбата на Хари и Меган.

Сепак, „бунтовниот“ пар често е во центарот на вниманието особено во весниците и на социјалните мрежи. Според анкетата меѓу читателите на онлајн весникот Индипендент, Хари и Меган се меѓу најомилените членови на кралското семејство, а според анкетата на ЈуГов, тие се на најниско ниво по популарност.

Иако не се појавија официјално на балконот од палатата на првиот ден од прославата на јубилејот на кралицата, се очекува денес да бидат од официјалниот дел на мисата која ќе се одржи во лонсонската катедрала Свети Павле.

Слични објави

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо
Се вчитува....