21:08 - 8 ноември, 2026

Нови сознанија за пукањето во Оклахома, убиецот сакал да го убие лекарот што го оперирал: 4 мртви и 10 ранети

Мажот бил пациент од истата клиника, кој се пожалил на болки по хируршка операција. Двајца лекари биле меѓу четирите жртви на нападот. Убиецот ја купил пушката истиот ден. 

Убиецот на масакрот во Тулса отворил оган со полуавтоматска пушка Ар-15, купена истиот ден кога се пукаше, но пред се тоа бил пациент од истата клиника, кој се пожалил на болки откако неодамна бил опериран – ова го пријавил началникот на локалната полиција на прес-конференција, кој додал дека меѓу жртвите има и лекар кој го оперирал.

Во новото пукање во САД, по она на Увалде во Тексас, има пет мртви и 10 ранети во близина на болницата.

Напаѓачот е Афроамериканец на возраст меѓу 35 и 40 години, кој сакал да нападне лекар внатре во установата. Откако убил четири лица, тој се самоубил.

Ричард Меуленберг, шеф на  полицијата во Тулса, сцената што ја виделе полицајците на „лицето“ на настанот ја наече „катастрофална“. Во објектот се сместени клиниката Ворен, амбулантски хируршки центар и центар за здравје на дојка.

Инцидентот се случил вчера околу 17 часот (по локално време).

Во меѓувреме се случија уште две пукања во САД, каде, според првите податоци, има неколку загинати и непознат број повредени.

Првата се случила на гробиштата Грејсленд во Расин, за време на погреб во четвртокот попладне, а се зборува за тројца загинати, меѓу кои и еден од двајцата напаѓачи. Пукањето се случило додека му бил даван последен поздрав на Да’Шонтај Кинг Џуниор, убиен од полицијата на 20 март.

Второто пукање се случило во Ајова, на паркинг пред црквата Амес Корнерстоун, и тука има три смртни случаи – изјавил за локалниот печат изјави шерифот на округот Стори. За сега се смета дека една од жртвите е извршителот на пукањето. Истрагата е во тек, а органите на редот не соопштуваат детали за оружјето употребено во престрелката.

Уште две пукања во САД: мртви и ранети во Висконсин и Ајова

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....