15:36 - 8 ноември, 2026

(Фото) На неа сè е лежерно и спортско, а чини илјадници евра: Еве колку платила Анастасија Ражнатовиќ за стајлингот во кој оди на шопинг

Ќерката на српската фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља се вдомија во Севиља, Шпанија.

А, Анастасија на социјалните мрежи редовно споделува детали од, како што изгледа, идиличниот живот.

Имено, Анастасија за многумина е и модна инспирација.

Постои дури и страница на Инстаграм на која се објавуваат нејзини фотографии, а пишува од каде Анастасија си ги купила алиштата и колку чинат.

 


А последниот во низата од нејзиниот стајлинг во кој отиде на шопинг, на многумина им падна в очи, а како што пишува оваа страница чини дури 3.700 евра. Од кои, џемперот чини 95 евра, фармерките 700 евра, патиките 205 евра. Сепак, чантата најмногу ја платила и чини 2.700 евра.

 


Да потсетиме, Анастасија неодамна покажа како изгледа нејзиниот тренинг, па вежбаше во тесни хеланки и маичка, кои дополнително ја истакнаа нејзината вита линија.

Младата пејачка ангажирала и личен тренер.

Таа правела вежби за задникот и стомакот, а сите велат дека никогаш не изгледала подобро.

 


Инаку, по операцијата на Немања Гудељ, Анастасија накратко се повлече од социјалните мрежи, а потоа неколку дена позираше без трошка шминка, притоа врзувајќи ја косата во опавче, па заморот на лицето беше видлив.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....