14:40 - 6 ноември, 2026

Црвен, син или бел? Кој фустан ѝ стои најдобро на Елена Велевска?

Нашата фолк-пејачка Елена Велевска е активна со свои настапи по локалите. На артистите дел од работата им е и нивниот физички изглед. Велевска редовно внимава на својата атрактивна линија и за секој настап или јавно појавување е дотерана од глава до пети.

Ни привлече внимание со нејзините последни објави на социјалните мрежи облечена во преубави креации.

Во едната комбинација пејачката облекла корален црвен фустан со златни детали, којшто го искомбинирала со златни сандали.

фото: Елена Велевска/ Инстаграм

Во друга комбинација,пак, Велевска одлично изгледа во долг фустан во небесно сина боја со длабок шлиц и широко отворено деколте.

фото: Елена Велевска/ Инстаграм

Убавата Елена е мајка на три деца, таа по 10 години се раведе со таткото на нејзините деца, а за медиумите кажа дека причина за разделбата е семејно насислтво.   Во една прилика откри дека не е строга мајка,  и дека практикува со децата пријателски да комуницира на секоја тема од животот.

Велевска е 30 години на сцената како успешна пејачка, но кога создава нова музика вели дека најважно ѝ е мислењето на нејзината ќерка.

– Кога избирам песна, многу ми е битно мислењето на Софија, таа има предност во музичкиот свет- вели таа.

Одвојуваме уште еден моден изглед од нашата Елена дотерана во бел мини фустан со црни детали.

фото: Елена Велевска/ Инстаграм

Која комбинација ѝ стои најдобро?

.

 

Слични објави

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо

(Фото) Познататa босанска актерка се потсети на старите времиња со Горан Баре и Халид Бешлиќ: Уметноста секогаш ги зближува луѓето

Еспресо
Се вчитува....