15:34 - 6 ноември, 2026

(Фото) Македонската мисица Ева Величковска е вистинска убавица во раскошна креација на Мис на светот

Македонската претставничка Ева Величковска продолжува со своите активности на изборот за Мис на светот 2026 во Виетнам. Таа беше дел од свечената церемонија „Sashing“, на која натпреварувачките официјално ги добиваат лентите со името на земјата што ја претставуваат.

Оваа церемонија го означува официјалниот почеток на натпреварувачкото учество на кандидатките, а лентата што ја добива секоја од нив ја симболизира земјата што ќе ја претставува во текот на изборот.

Величковска се појави на сцената во раскошна свечена креација, а дефилираше покрај претставничката на Северна Ирска. Македонската убавица сподели и фотографии од церемонијата на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ева (@velickovskaae)

Во рамките на активностите на изборот, Ева присуствуваше и на прес-конференција. За ова појавување избра црн фустан со впечатливи исечоци во пределот на деколтето и стомакот.

Дваесетгодишната Ева Величковска годинава ја претставува Македонија на престижниот светски избор за убавина, кој се одржува во Виетнам.

Слични објави

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо

(Фото) Маја Шупут го покажа своето ново милениче: „Ни ги украде срцата“

Еспресо

(Фото+видео) Фризурата на Тамара Калиниќ ги освои жените, еве како да ја направите

Еспресо
Се вчитува....