23:41 - 8 ноември, 2026

Борел: НАТО ќе ги надмине приговорите на Турција за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Денеска во Брисел на самитот на министрите за одбрана, ќе се дискутира за влезот на северните земји во НАТО, руското ембарго за гас и шестиот пакет санкции. Договорот е се уште далеку.

Во Брисел денеска се одржува состанокот на министрите за одбрана на Европската унија каде ќе се зборува за приемот во НАТО на Шведска и Финска, тема која вчера беше во центарот на самитот за надворешни работи. „Сигурен сум дека Шведска и Финска во нивното барање за членство во НАТО ќе добијат силна поддршка од сите земји на ЕУ, бидејќи тоа ја зголемува безбедноста и не прави посилни“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, пренесува раињуз.ит.

На самитот учествува и украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана. За позицијата на Турција, која многумина ја сметаат против пристапувањето на земјите од Северот во НАТО, Борел истакна дека: „Атлантскиот совет ќе го поддржи максимално“ пристапувањето на двете земји и „Знам дека Турција изнесе некои приговори, но НАТО ќе може да ги надмине“. „Од моја страна ќе има силна поддршка за членството“ – додаде тој. Ќе треба да се види под кои услови Анкара на крајот би можела да го даде своето „за“.

Договорот за шестиот пакет санкции во Москва останува на масата на европскиот самит. Вчера, во однос на воената помош на ЕУ за Киев, високиот претставник го поддржа „исплаќањето на дополнителни 500 милиони евра за Украина од Европскиот мировен фонд, на овој начин достигнуваме две милијарди евра“.

Сè уште нема едногласност за приемот на нови земји во НАТО и за одобрување на новите санкции, вклучително и за ембаргото за руската нафта. Ова не е мал детал имајќи предвид дека за конечното гласање се потребни гласови на 30-те земји кои припаѓаат на НАТО. „Мораме да го надминеме правилото за едногласност, бидејќи тоа го запира одобрувањето на пакетот, само со вето на една земја“, рече министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....