15.8 C
Скопје
06:21 - 9 септември, 2026

Бил Клинтон 22 години подоцна ја откри причината за аферата со Моника Левински! (ФОТО+ВИДЕО)

Некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, вели дека неговата сексуална афера со Моника Левински претставувала начин да се избори со стресот и анксиозноста.

Бил Клинтон во документарецот „Хилари“ изнесе нови детали за секс скандалот, кој во деведесеттите години од минатиот век ја тресеше Америка.

Клинтон објасни дека аферата, која речиси ја уништи неговата кариера, претставувала начин да се избори со анксиозноста и притисокот, кој го чувствувал при водењето на државата.

Како што вели самиот, Бил Клинтон се чувствувал како боксер кој одриграл 30 рунди, па, додава, романсата со тогаш 22-годишната Моника Левински за него во тој момент била начин да се опушти на кратко.

Клинтон призна дека во прв момент ја лажел сопругата Хилари и ја негирал аферата со Левински, меѓутоа, вели и дека било доста логично оти тој лаже.

Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав што точно се случи. Реков дека се чувствувам ужасно поради тоа – открива Клинтон.

Од друга страна, Хилари Клинтон во документарецот ја раскажа својата страна на приказната, истакнувајќи дека се чувствувала поразено.

– Не можев да верувам. Бев доста повредена и не можев да поверувам дека ме лаже – раскажа поранешната прва дама, која на последните претседателски избори во САД беше кандидат за оваа функција и ја застапуваше Демократската партија.

Хилари и Бил Клинтон тогаш посетуваа брачна терапија, која Хилари ја опиша како „болна и мачна расправа“.

Бил призна и дека се чувствува ужасно поради тоа што токму тој скандал го дефинираше животот на Моника Левински.

– Мислам дека тоа не е фер – додаде Бил Клинтон.

Сепак, тој додава и дека е време Моника да продолжи понатаму.

Фотo: Профимедиа

Со текот на годините забележав дека таа се обидува одново да води нормален живот, но самиот мораш да дефинираш што значи тоа „нормално“ – вели Бил во документарецот кој го режираше Ненет Берстин.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....