00:36 - 9 ноември, 2026

ВОНРЕДНИ ПРОГНОЗИ ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Спремајте ги скиите, еве кога! И внимавајте на здравјето

–Како што веќе најавивме, ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИОТ воздушен бран веќе се спушта од север и североисток кон нашата држава. Од утре па во следните неколку денови, односно до четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено во среда попладне и навечер ќе има локален повремен дожд, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Поради падот на температурите на воздухот, во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста да има сосема слабо провејување на СНЕГ. Сето ова ќе биде проследено со умерен, Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено над 60 км/час).

Според Попоски најсвежи денови ќе бидат среда и четврток. Во среда максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека во четврток ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Наутро и тоа од четврток ќе биде НЕСВОЈСТВЕНО студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, со што е можен првиот мраз за оваа сезона.

Од четврток па натаму, се очекува и целосно стабилизирање на времето, додека од петок па за време на викендот, преку денот ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и тоа поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО потопла воздушна маса од југ.

ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: Наглите промени на времето во следниот период, односно падот на температурите на воздухот дури за 10 степени, кој се очекува од утре па натаму, како и наглото затоплување на времето од петок па за време на викендот, ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО неповолни биометеоролоски услови. Кај метеопатите можни се ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (поспаност, главоболка, болка во коските и на местата од старите рани). Затоа истите да ги слушаат советите од своите лекари.

-Студениот бран ќе го зафати и регионот, како и северна и североисточна Европа, и ќе ги донесе првите услови за врнежи од снег, особено на планините, поентира Попоски.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....