15:12 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) МАРИЈА ГРУЕВСКА „ГОРИ“: Битолчанката која гo крена Балканот на нозе, има нова песна!

Марија Груевска

Македонката Марија Груевска ги освои симпатиите на публиката уште при нејзиното прво појавување во српското шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во морето надежни пејачки со најразлични квалитети, пејачката покрај со добриот глас, се истакна и со екстравагантните стајлинзи и изведби за кои се гледаше дека ја употребила и својата креативна моќ.

Имавме прилика да ја видиме во издание на контроверзна калуѓерка, блудна ѓаволица со албино питон околу врат и што ли уште не. Несомнено, оваа битолчанка секогаш одново ја воодушевуваше балканската јавност.

Па откако стекна свои обожаватели, Марија одлучи дека е време да ја претстави својата прва песна, која заедно со видео спот секако не остана незабележена.

„Горим сва“ е насловот на нејзината најнова песна која несомнено ќе стане голем хит. Музиката е на Зоран Грујовски, текст на нејзиниот татко Душко Груевски. Видео спотот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи поради бројните секси кадри проткаени со гротеска.

„Ти посакувам најголем успех, ти го заслужуваш тоа“, „Девојко ти си гениј“, „Секоја чест“, „Оваа песна заслужува многу, трудот е очигледен“, „Светско а наше“, „Браво Марија, професионален и уникатен настап“, „Спотот е врв, песната одлична“, се дел од коментарите под видеото кое за само неколку дена има над 59,500 прегледи.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....