16:04 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Колку степени ќе биде температурата ОВОЈ ВИКЕНД?

– Врнежите продолжуваат и оваа ноќ, како и во текот на утрешниот ден и ќе бидат од дожд, додека на планините ќе врне СНЕГ. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и објаснува:

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, што значи ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината.

Според Попоски, сепак за време на викендот, под влијание на потопла воздушна маса од југ, ќе има пораст на температурите на воздухот и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален слаб и краткотраен дожд.

– Особено во сабота ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, вели Попоски.

И во Скопје и околината утре ќе има повремени врнежи од дожд, додека за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....