03:25 - 9 ноември, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВО ДВОРОТ НА ЕМЧЕ, ДЕВОЈКАТА СО ЦВЕТНА НАСМЕВКА: Сакајте ги и негувајте ги растенијата, ќе ви вратат со убавина!

-По професија сум продавачка, но не на цвеќиња, – со насмевка ја започнува својата цветна приказна нашата соговорничка Емилија Велковска, и продолжува:

– Цвеќињата ми се мојата омилена страна, моето хоби. Отсекогаш сум сакала цвеќе.

Дворот на Емче се простира на 800 метри квадратни, а таа сака сè во него да ѝ биде „скоцкано“, како што доликува на убав двор.

За уредувањето на оваа убавина задолжена е таа и тоа навистина го прави со голем мерак. Алал да ти е, Емче!

Дворчето се наоѓа во скопско Драчево.

-Во мојот двор доминираат кактуси, петунии, темјанушки, дрво на среќата, палма и многу други цвеќиња и растенија, ни објаснува Емилија.

Ја прашуваме колку посветено време секојдневно бара оваа убавина?

А таа со цветна насмевка ни одговара:

– Искрено, за сè си треба и време, и посветеност. Секое мое слободно време, го посветувам на цвеќињата.

Омилено цвеќе на Емче е орхидејата.

Во текот на студените денови Емилија се грижи растенијата да ѝ бидат згрижени, ги внесува во домот, некои ги сместува на постудено и потемно место како, на пример, во ходник, а останатите пак, покрај прозорците, на дневна светлина. И се разбира, како што вели, наводнувањето е многу важно, најмалку еднаш до два пати во неделата.

Градинарски совет од нашата Емче за оние кои тукушто почнуваат со одгледување на цвеќе и уредување на дворче?

-Сакајте ги и негувајте ги растенијата! И ним им е потребна нега за да го разубават вашиот дом!

Но, тука не завршува нашиот цветен разговор со Емилија. Се префрливме на друга тема, поради преслаткото кученце кое, гледаме, се тркала на тревата. И вниманието веднаш ни е „купено“. Емилија, освен цвеќиња, обожува и домашни миленичиња. А и тие – неа.

Инаку, Емилија е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ФОТО-ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....