10:06 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Викендов – лето, есен и пак студови од…

– За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Максималните температури повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој викенд ќе се искачи до околу 28 степени.

Според Попоски, во понеделник времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, иако попладне и навечер не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи.

Од вторник кај нас се очекува НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето и ВИСТИНСКА ЕСЕН.

– Попладнето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, додека од среда, па се до петок времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд, прогнозира Попоски.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

-Отсега гледано, за време на следниот викенд повторно ќе имаме стабилно, суво и сончево време, но со просечни температури за овој дел од годината, заклучува нашиот метео прогнозер.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....