25.8 C
Скопје
16:17 - 28 април, 2024

(ФОТОГАЛЕРИЈА) РАЗГОВОР СО ПЕТРЕ БАКАРОВ: Чувар на животот и судбината на баобабите и другите чеда на природата

Петре Бакаров по професија е доктор по медицина и специјалист по семејна медицина. Роден е во Макдеонија, но сега живее и работи во Република Словенија.

За Петре во најмала рака може да се каже дека е љубител на животот. Тој својот дом го има претворено во храм за драгоцените „чеда“ на природата, за чии судбини зборува со нас.

Од пејоте до баобаби, ќе се запрашате…Во Словенија е?! Или во некој волшебен и праведен свет?

Од кога се занимавате со одгледување на растенија?

– Со одгледување на растенија се занимавам од 1996 година кога го купив првиот кактус. Пред да се преселам во Словенија во својот дом оставив над 500 врсти на кактуси кои подоцна се најдоа во друштво на моите пријатели и роднини, бидејќи беа навистина преголема обврска и одговорност за моите родители.

Може ли за себе да кажете дека сте колекционер на растенија и има ли меѓу нив ретки растенија?

– Терминот колекционер за мене звучи премногу себично. Да поседуваш „живо битие“ како што се растенијата делува себично. Повеќе би сакал да кажам дека сум љубител на животот и човекот кој ужива во друштво со растенијата. И да, во својот дом имам некои могу ретки, загрозени и заштитени видови на растенија кои не се секогаш кактуси.

– Меѓу поретките можам да ги вбројат трите примероци на Lophophora williamsii и decipiens или таканаречениот пејоте или според некои именуван како боженствен кактус. Се работи за заштитено растение кое има голема колекционерска вредност. Интересно е што пред сè е без боцки и е многу бавно растечки кактус со потекло од Мексико. Има корен во облик на репка кој во длабочина може да израсти и до 40 сантиметри. Индијанците од племето Нахуатл го користеле во ритуални цели и како универзален лек. Во својот состав има повеќе психоактивно супстанци и меѓу нив најпознат е мескалинот, но има и состојка за која е докажано дека има бактерицидно(ги убива бактериите) дејство пред сè на соевите од бактеријата stafilococcus aureus кои се отпорни на пеницилин.

– Меѓу останатите ќе ги вбројам ariocarpus retusus, furfuraceus, trigonus, leuchtenbergia principis, sulcorebutia rauschii cv violacidermis, stenocactus albatus, frailea castanea(живее многу кратко), ferocactus glaucescens, carnegia gigantea, adenium socotranum, adenia glauca, petopentia nataliensis, adansonia digitata, grandidieri, perierii, gregorii, pachypodium rutenbergianum, mikea, cactipes, succulentum, densiflorum, horombense, astrophytum asterias astrophytum capricorne, astrophytum asterias v.nudum,, faucaria tigrina, nekoi vidovi na cereus, talinum caffrum, pachycereus pringlei, fockea edulis, некои видови на adenium obesum и adenium thai socotranum, tephrocactus articulatus v.papyracanthus, и некои други.

– Инаку кога сме кај ретките и загрозените врсти да напоменам и тоа дека иако некои врсти се заштитени и на прагот на изумирање во нивниот природен хабитат, сепак истите се чуваат и одгледуваат на многу фарми за растенија. Таков е примерот со растението Brighamia insignis или така наречена хавајска палма која е загрозена и на прагот на изумирање во нејзниот природен хабитат, но како собно растение е многу распространета.

Колку време дневно бара посветеност и нега на растенијата?

– За бројот на растенијата кои ги имам два часа на ден во зимскиот период е повеќе од доволно, иако морам да кажам дека со нив знам да поминам и многу повеќе време, се разбира некогаш повеќе, а некогаш помалку во зависност од обврските кои ги имам. Во секој случај најмногу работа со нив имам на пролет и преку летото. Инаку времето кое ќе го одвоите за растенијата не е само заради потребите кои ги има растението од вас туку со почестото набљудување можете навреме да деактивирате било какви нерегуларности, неправилности и навреме да ги откриете штетниците.

Кое е вашето омилено цвеќе и зошто?

– Моето омилено растение е дефинитивно Баобаб или неговото ботанично име му е adansonia. Се работи за дрво со многу долга животна доба. Староста, мудроста и исторјата низ кои минувале овие растенија се повеќе илјади години и тоа е причината зошто ги сакам и пред сè почитувам. Пред десетина години поточно во 2010 година умре едно од најтарите баобаби и воопшто дрва во светот со старост од над 2500 години. До тогаш претставуваше свето дрво во државата Зимбабве. Се смета дека кривецот за смррта на ова растение именивано како Панке е глобалното затоплување, а неговата смрт настапила кога стеблото од други непознати прирчини едноставно колабирало.


– Инаку во светот ги има 9 врсти од кои 6 се домородни на Мадагаскар, 2 во континентална Африка и на Арапскиот полуостров и само едно е во Австралија. Од деветте врсти сега – засега во својот дом го уживам друштвото на 4 врсти кои се сè уште млади, но многу напредни и успешни и стари само една година. Колку за споредба универзитетската ботаничка градина во Љубљана поседува само три врсти. Најтешкото кај Баобаб растенијата е одгледувањето од семе. Моите се сите зафатени од семиња и негувани со многу голем труд и љубов. Во природата времето на ‘ртење на семето може да трае и до 7 години.

Од каде го стекнавте знаењето?

– Некои работи ги стекнав од мајка ми, а некои од пријатели, роднини и љубители на растенија, а најмнофу од лично искуство, некои пак со читање на различна литератира која сега е многу достапна на интернет. Практично сите информации кои ви се потребни за некои растение можете бесплатно да ги најдете на интернет, доволно е само познавање на англискиот јазик. За некое знаење па дефинитивно најважно е сопственото искуство и стручната помош на професионалците. Трагањето по идеален субстрат, додатоци на супстратот, идеален сад или препарат за дохранување на растенијата понекогаш може да биде вистински предизвик и авантура која на крајот е секако исплатлива за вашето ратение, но за вашиот џеб, секако не.

Кој ви е најголемиот предизвик кога се во прашање растенијата?

– Од семе да одгледам boswelia sacra, commiphora myrrha и dracaena cinnabari.

Кое растение би сакале да го добиете за подарок?

– Dracaena cinnabari, commiphora myrrha, boswellia sacra. Знам да бидам и поскромен како на пример  Brighamia insignis – хавајска палма.

Инаку, Петре е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо
Се вчитува....