22.8 C
Скопје
16:42 - 27 април, 2024

(ФОТО) ФАНТАЗИЈА ОД УКРАСЕН КАМЕН И ИЗОБИЛСТВО НА СЕЗОНСКИ ЦВЕЌИЊА: Идеите се на Валентина, а обврските споделени со целото семејство

Денес сме во Велес, во еден од најубавите делови – „нова населба“, во дворот на Валентина Дукова.

Преубавиот двор е составен од два дела, едниот – се протега пред куќата, а другиот е, поинтимен, зад куќа. Целиот двор е со украсен камен и кована ограда. Во предниот дел има летниковец, фонтана, чешма и бунарче, сите направени од украсен камен, убаво среден тревник со прекрасни цвеќиња и декоративни зимзелени садници.

Нашата соговорничка, Валентина, по професија е дипломиран економист, работи како комерцијалист во приватна фирма, но отсекогаш сакала дворот да биде секогаш среден бидејќи после напорниот работен ден, за неа, најубаво место за одмор е летниковецот во дворот и погледот кон тревникот со прекрасни цвеќиња и украсни зимзелени садници.

Кога станува збор за уредување на дворот, идејата ја дава секогаш Валентина, додека другите обврски се споделени со сопругот и двата сина.

– Поголемиот син Бубе е најголем љубител на цвеќиња од сите нас. И тој се грижи околу наводнувањето, потхранувањето со ѓубрива и, заедно со мене, околу средување на дворот – ни открива нашата цветна дама.

фото-приватна архива

Во зависност од годишното време, во дворот доминацијата ја преземаат едни цвеќиња над други. На пример, на пролет пролет се садат шеќерчиња и пламенчиња во различни бои, а сега, на есен, хризантеми во најразлични бои.

Се разбира, оваа убавина за да се одржува, си бара и време и ангажирање и љубов.

– Имаме систем за наводнување, па така, тоа не одзема време. Време одзема само косењето на тревникот и средување на украсните садници, што е моја задача во која уживам додека ја работам – низ насмевка и со видно задоволство ни објаснува Валентина.

Поголемото слободно време семејството го поминува во уживање и одмор во оваа убавина.

За Валентина најубаво цвеќе е хризантемата, бидејќи е многу украсна и ја има во различни бои, но жали што таа цвета само во есен.

– Ја насадивме во различни бои и во нашиот двор, но и на нашиот пчеларник кој се наоѓа на многу убаво, чисто, еколошко место во село Подлес, па така каде и да го поминуваме слободното време , дали во дворче или на пчеларник, уживаме во убавината на ова цвеќе. – вели Валентина и додава – Исто така, прекрасни ми се за во лето и цвеќето пламенче (Celosia) кое подеднакво цвета во многу убави бои, како и шеќерчето кое е многу издржливо во лето, а прекрасно изгледа на тревникот со сите свои раскошни нијанси на цветови.

Ја прашуваме Валентина како се грижи за растенијата во текот на зимата, а таа гордо ни одговара:

– Во дворот имаме зимзелени садници и цвеќиња што не мрзнат, а цвеќињата што ни се на терасите ги внесуваме дома, сарделите во подрум, а собните цвеќиња дома. Имаме повеќе видови на кактуси кои исто така имаат многу убави цветови.

За крај еве еден градинарски совет од нашата цветна дама за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со градинарство.

– Ако имате двор и ако има простор задолжително да си имате тревник кој ќе го средите по сопствен вкус и да си насадите цвеќиња кои цветаат цело лето, а на есен – хризантеми кои исто така цветаат до доцна во зимата.

Наводнувањето треба да биде редовно, како и потхранувањето со ѓубрива.

Така ќе уживаат во своето слободно време, – советува Валентина.

Валентина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....