11.8 C
Скопје
00:20 - 24 април, 2024

Три сценарија за состојбата со Ковид-19 во земјава, според најлошото до 1 ноември ќе починат над 1.800 лица

Според проекцијата на американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл, до 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од КОВИД-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки,

Институтот покрај ова, предвидува уште две сценарија.

Најлошото сценарио е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1 ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1 ноември би изнесувал 752.

 

 

 Заклучно со вчера, починати се 406. (Фото: принтскрин)

Според проекцијата за најлошото сценарио, бројот на починати би пораснал до 32 дневно до 1 ноември, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3 дневно.

Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се врз основа на бројките до 11 јули, кога имаше 380 починати во Македонија.

Заклучно со вчера, вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, починати се 406, а активни се 3.704.

The post Три сценарија за состојбата со Ковид-19 во земјава, според најлошото до 1 ноември ќе починат над 1.800 лица appeared first on Слободен печат.


Три сценарија за состојбата со Ковид-19 во земјава, според најлошото до 1 ноември ќе починат над 1.800 лица was first posted on јули 18, 2020 at 10:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....