04:32 - 8 ноември, 2026

Се дружеа и ја пееја „Црне косе“: Ханка Палдум откри што му кажала на Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Тенисерот Новак Ѓоковиќ треба дена беше во посета на Високо во Босна и Херцеговина и во таа прилика ја запозна пејачката Ханка Палдум.

Двајцата заедно го отпеаа големиот хит на Ханка, „Црне косе“, кој Ѓоковиќ го обожава, а пејачката ги раскажа впечатоците за средбата со најдобриот тенисер на светот.

– За мене е голема работа кога ќе дојде еден таков голем човек, еден важен човек во нашата Босна и Херцеговина – рекла Ханка за порталот „СпортСпорт.ба“ и открила што му кажала на Ѓоковиќ.

– Низ дружењето со него, сфатив дека Новак не е случајно успешен. Тој е прекрасен човек со скромна душа. Само му кажав: „Блазеси и на мајка ти што те родила и на сопругата која те има“ – раскажала пејачката.

Инаку, уште пред 10 години постои снимка на која Ноле ја пее песната „Црне косе“, а наназад низ годините своите спортски успеси ги славеше токму со оваа песна.

– Знам дека тој секогаш ја пее таа песна кога слави некоја победа или трофеј после турнир – рекла Ханка.

Погледнете ја нивната средба:

 

View this post on Instagram

 

Zapjevali smo zajedno moj veliki hit “Crne kose” koju @djokernole voli ?

A post shared by Hanka Paldum official (@hankapaldum_official) on

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....