19.8 C
Скопје
14:18 - 17 мај, 2024

„Треба ли Србин да присуствува на прославата на Бура на која ќе говори Готовина?“ Политичарите реагираат на одлуката на Милошевиќ

Со денови се дискутира за тоа дали претставник на Србите, новиот потпретседател на новата хрватска влада, Борис Милошевиќ, ќе присуствува на одбележувањето на 25-годишнината од воената хрватска операција „Бура“.

Милошевиќ ја одгатна оваа дилема и порача дека ќе оди во Книн со отворено срце.

„Не ми беше лесно да донесам одлука да одам во Книн. И заради приватна семејна трагедија и заради сите оние Срби кои изгубиле некого во „Бура“, оние што се во егзил и оние што се вратиле, иако нивниот процес на враќање им беше опструиран“, напиша Борис Милошевиќ, потпретседател на хрватската влада во својот статус на Фејсбук.

„Одам во Книн со отворено срце, искрено, со надеж дека оваа влада може да направи толку важен чекор, чекор кон иднината, подобро општество, општество на разбирање, почитување и толеранција и дека можеме да излеземе од рововите во кои сме закопани. По 25 години, потребно е да се запре омразата, да се престане со војната“, напиша Милошевиќ, кој за прв пат јавно ја сподели својата лична приказна за мобилизација на неговиот татко и загубата на баба му, 67-годишната Дара Милошевиќ, убиена на 7 септември 1995 година во селото Брибирске Мостине.

Нејзиниот убиец, демобилизиран член на 15. домобрански полк, Веселко Билиќ, беше осуден во јануари 1996 година на осум години затвор. Потоа Врховниот суд ја намали неговата казна на седум и пол, но Билиќ на крајот отслужи вкупно три и пол години затвор. Имено, во мај 1998 година, претседателот Фрањо Туѓман ја намали неговата казна со декрет за две години, а после тоа дополнително му беше намалена заради добро поведение и здравствени проблеми.

Во неговиот статус на Фејсбук, под наслов „Приказна за еден Србин од Хрватска“ Милошевиќ уште напиша:

„Во Книн доаѓам како потпретседател на владата на Република Хрватска надлежен за човекови права. Како член на владата, Србин од Хрватска, свесен за товарот на военото наследство во општеството што го чувствуваат Србите во Хрватска, но не само тие, туку и сите граѓани на Република Хрватска, морам да размислувам рационално и одговорно и да се обидам да придонесам за подобро општество и култура на мирот.

Со товарот на семејната трагедија, па дури и низ болката на мојот покоен татко, одлуката да одам да ја славам ‘Бура’ во Книн беше уште потешка за мене. За мене, кој го доби својот извод од матична книга на родените дури по ‘Бура’, иако јас сум роден и целиот живот го поминав во Шибеник.

Српската пратеничка во хрватскиот Парламент за операцијата „Бура“: Пред вас стои девојче од колоните

Одам затоа што сакам да ја направам нивната иднина полесна. Одам затоа што мислам дека дојде време политиката на разбирање и почитување на другиот да ја победи политиката на омраза.

‘Бура’ не е само воено-полициска акција, туку е и огромна колективна траума. За Хрватите тоа е симбол за почеток на долгоочекуваниот мир и крај на окупацијата, за Србите, тоа е траума на почетокот на нов егзодус, страдање, страв, неизвесност и неможност за враќање во нивните домови.

Свесен сум дека моето одење во Книн кај мнозинството нема да ги промени овие два различни погледи на ‘Бура’, но јас сум подготвен да прифатам каков било гест кој оди кон тоа со заедничката толеранција и почит себеси да се изградиме како демократско општество, кое може да оствари соживот и просперитет, без оглед на секоја разлика, вклучително и во толкувањето на заедничката историја. Од моето заминување во Книн, многу поважно е да се изгради атмосфера на помирување и дијалог во кој како општество мора да ги признаеме и прифатиме сите жртви без оглед на националноста“, напиша потпретседателот на хрватската влада, Борис Милошевиќ.

Највисоките политички претставници на Србите од Србија и Република Српска, Александар Вучиќ и Милорад Додиќ, негативно ја прокоментираа ваквата одлука.

Вучиќ рече дека не е согласен со таквата одлука и дека таквото мислење му го пренел и на претседателот на СДСС Милорад Пуповац.

– Не сакам да дојде до српско-српски тешки зборови или ѕид и санкции на Дрина. Јас ќе се држам до тоа, а не сум одушевен со ваквиот потег. Но тие таму живеат и имаат свои идеи, можеби нивните аргументи се посилни од нашите – рече Вучиќ и додаде дека за него е важно Србија и Република Српска заедно да го одбележуваат страдањето на српскиот народ и трагедијата поради остварувањето на најтешкото етничко чистење по Втората светска војна.

Претходно и Милорад Додиќ порача дека одењето на одбележувањето на „Бура“ бил некоректен потег.

– Ако било кој Србин отиде таму во име на српската заедница, тогаш тој на тоа му дава легитимитет. Тоа е неприфатливо и мислам дека такво нешто нема да се случи – рече Додиќ.

Според него, „Бура“ симболизира прогон, егзодус, етничко чистење на Србите во Хрватска.

 

The post „Треба ли Србин да присуствува на прославата на Бура на која ќе говори Готовина?“ Политичарите реагираат на одлуката на Милошевиќ appeared first on Слободен печат.


„Треба ли Србин да присуствува на прославата на Бура на која ќе говори Готовина?“ Политичарите реагираат на одлуката на Милошевиќ was first posted on август 1, 2020 at 9:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....