16.8 C
Скопје
22:53 - 17 мај, 2024

СЗО: Вакцина против Ковид-19 не може да се очекува пред 2021 година

Од Светската здравствена организација објавија дека е забележан добар напредок во развојот на вакцина против коронавирусот, меѓутоа, и покрај тоа што некои од нив се во финална фаза, нивната употреба не може да се очекува пред 2021 година.

СЗО работи на тоа да се обезбеди правична дистрибуција на вакцините, но додека таа не се развие, државите треба да се трудат да го спречат ширењето на коронавирусот, изјави шефот за вонредни ситуации Мајк Рајан.

– Имаме добар напредок. Неколку вакцини се во третата фаза од тестирањето и досега ниедна не потфрлила во поглед на безбедноста и поттикнувањето на имунолошкиот одговор. Реално, вакцинирањето би можело да почне во првата половина на следната година – изјави Рајан.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

Тој го посочи Балканот како еден од регионите каде што ситуацијата со коронавирусот е најзагрижувачка во моментов.

– И додека во Западна Европа болеста е ставена под контрола, гледаме загрижувачки трендови на југот на Европа и на Балканот – изјави Рајан.

Состојбата во земјата во Балканот повторно е влошена, откако секојдневно се регистрираат стотици новозаразени со коронавирусот во овие земји.

Што се наоѓа во Оксфорд вакцината која треба да нѐ заштити од коронавирусот?

 

The post СЗО: Вакцина против Ковид-19 не може да се очекува пред 2021 година appeared first on Слободен печат.


СЗО: Вакцина против Ковид-19 не може да се очекува пред 2021 година was first posted on јули 23, 2020 at 9:40 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....