17.8 C
Скопје
11:16 - 2 мај, 2024

Случај што го крена Израел на нозе: Силувано 16-годишно девојче во хотел од 30 мажи

Израел е потресен од веста за силувањето на 16-годишно девеојче во кое учествувале 30 мажи во хотел во летувалиштето Еилат, на што реагираше и државниот врв.

Девојката минатата недела поднесе тужба за групно силување во кое учестувувале 30 мажи, рече за Франс Прес портпаролот на израелската полиција Мики Росенфелд.

„Двајца од осомничените се уапсени во врска со случајот за кој е покрената истрага и кој вклучува ја вклучува 16-годишната во град на југот од земјата“, додаде тој.

Инцидентот поминал речиси незабележително додека локалниот печат дури во четвртокот не објави дека мажите го чекале својот ред пред хотелската соба на девојката која била под влијание на алкохол.

Веќе во четвртокот вечер во градовите ширум земјата, па така и во Тел Авив и Ерусалим, одржани се спонтани собири во знак на поддршка на девојчето и за осуда на полово насилство над жените.

Во петокот протест се одржа во Хадера, од каде што се осомничените, на кој учествувал и градоначалникот на тој град.

„Жителите се огорчени од овој настан“, рече Зви Генделман. „Не сакаме да живееме во вакво општество“, истакна тој.„Тоа е страшно, немам други зборови! Тоа не е само злосторство над девојката туку злосторство над целото човештво и мораме да го осудиме“, коментираше премиерот Бенјамин Нетанјаху повикувајќи виновниците да се изведат пред лицето на правдата.

Израелскиот претседател Реувен Ривлин преку социјалните мрежи упати писмо до „младината“ во кое го осудува „ужасот кој е пријавен, кога станува збор за силувањето во Еилат“.

The post Случај што го крена Израел на нозе: Силувано 16-годишно девојче во хотел од 30 мажи appeared first on Слободен печат.


Случај што го крена Израел на нозе: Силувано 16-годишно девојче во хотел од 30 мажи was first posted on август 21, 2020 at 7:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....