23.8 C
Скопје
19:10 - 28 април, 2024

Скопската Зоолошка се подготвува за отворање, еве кои правила ќе важат во иднина (ФОТО+ВИДЕО)

И покрај најавите за отворање на скопската Зоолошка градина, сепак тоа ниту денеска не се случи.

Според зборовите на надлежните, Зоолошката градина се уште ја нема потребната дозвола за отворање, како резултат на бројката на новодијагностицирани со Ковид-19 во Скопје, која и натаму е загрижувачка.

Додека и натаму трае двомесечната пауза, тамошните вработени не се на одмор, напротив, тие посветено работат на урбанизирање на просторот и подготовка за повторно отворање на вратите за посетителите.

Во разговор за „Слободен печат“, портпаролот на ЗОО Скопје, Тина Мицковска, истакна дека по отворањето ќе важат сосема нови правила, со тоа што покрај пропишаните мерки за социјална дистанца и носење на маски, исто така ќе има и ограничување на бројот на посетители.

Мицковска истакна и дека граѓаните ги очекуваат неколку новости, односно ќе имаат прилика да видат неколку нови живеалишта за животни кои моментално се подготвуваат.

Во продолжение погледнете го видеото:

The post Скопската Зоолошка се подготвува за отворање, еве кои правила ќе важат во иднина (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Скопската Зоолошка се подготвува за отворање, еве кои правила ќе важат во иднина (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 19, 2020 at 7:29 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....