11.8 C
Скопје
08:54 - 4 мај, 2024

Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех

Тестирањето на вакцината против Ковид-19, што се развива на Универзитетот во Оксфорд, има 50 проценти шанси за успех затоа што коронавирусот во Велика Британија се чини дека брзо исчезнува, изјави за Телеграф еден од професорите што го води развојот на вакцината.

Адријан Хил, директор на оксфордскиот Институт Џенер, кој работи со производителот на вакцини „АстраЗенека” на развој на вакцината, рече дека постои опасност претстојното тестирање, во кое се вклучени 10.000 доброволци, да не даде никакви резултати поради малата трансмисија на Ковид-19 во заедницата.

– Тоа е трка со исчезнување на вирусот, трка против времето” изјави Хил за британскиот весник. – Во моментов постои 50 отсто шанса да не добиеме никакви резултати, потенцира тој.

Експерименталната вакцина, наречена ChaAdOx1 nCoV-19, е една од најперспективните во глобалната трка да се најде заштита од новиот коронавирус, кој ја предизвика пандемијата на болеста Ковид-19.

Неговиот тим почна рана фаза на тестирање на својата вакцина врз луѓе во април, а само неколку вакцини успеаја да стигнат до таа точка на развој.

The post Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех appeared first on Слободен печат.


Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех was first posted on мај 24, 2020 at 3:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....