12.8 C
Скопје
14:01 - 25 април, 2024

Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО)

Деведесет и седум луѓе загинале во пакистанскиот авион што се срушил во градот Карачи на југот на земјата, а пронајдени се само двајца преживеани, соопштија властите на Пакистан.

Еден од преживеаните е Мухамед Зубаир кој ја преживеа несреќата со полесни повреди.

“Откако избувна пожарот во авионот, јас го откопчав безбедносниот ремен и видов светлина. Се симнав од авионот со скокање, висината беше скоро 3 метри. После тоа, дојде брза помош и ме однесоа во болница”, рече Зубаир.

Тој вели дека во авионот имало деца, мажи, жени, стари лица.

„Кога авионот повторно почна да се крева над пистата, сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат“, рече тој.

Припадниците на армијата и службите за итни случаи ја минале ноќта користејќи тешки машини и хеликоптери за расчистување на областа, отстранувајќи ги урнатините на куќите и делови од остатоците од авионот.

Двајцата преживеани, кои беа пронајдени на самиот почеток на спасувачката операција, дадоа надеж дека евентуално може да има повеќе преживеани. Еден од преживеаните е претседателот на банката Пенџаб, една од најголемите пакистански банки, изјави лидерот на авиокомпанијата. Производителот на авиони „Ербас“ соопшти дека ќе му даде техничка помош на Пакистан во истрагата за несреќата.

Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на службеник за воздушен сообраќај, дека авионот се чини дека не успеал да ги спушти тркалата за време на слетувањето, но сè уште е рано да се зборува за вистинската причина за несреќата.

The post Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО) was first posted on мај 24, 2020 at 1:45 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....