12.8 C
Скопје
01:54 - 25 април, 2024

„Conquering lion“: На почеток бевме бунтовни и сакавме агресивни ритмови, сега ја завртевме музиката во друг правец – интервју! (ВИДЕО)

„Conquering lion“, неодамна го претставија својот петти албум под назив „Revolution time“, во кој повторно преку познатиот реге-звук нè потсетија на своите револуционерни мотиви.

„Conquering lion“ веќе 13 години се во успешна музичка авантура, во текот на која имаа прилика да ѝ се претстават на македонската, но и на светската публика, освојувајќи ја со бројни хитови кои досега ги оставија зад себе.

Овојпат имавме можност во име на целиот состав да поразговараме со членовите на бендот, кој ни открија повеќе детали за „Revolution time“, но и за нивните планови во блиска иднина.

Фото: Арбнора Мемети

Е: Новиот петти албум се вика „Revolution time“ (Време за револуција). Јасно е дека главна тема на обработка во него е револуцијата. И базичната идеја на реге музиката лежи токму овде, меѓутоа која е основната порака која конкретно сакате да ја испратите преку овој албум и кои сè други теми ги опфаќа?

– Токму така, “Revolution Time” нашиот нов албум повикува на душевна револуција, подигнување на свеста, пронаоѓање нови начини за човештвото конечно да најде излез од лавиринтот на Бабилон во кој е сплеткано веќе подолго време. На овој албум обратотуваме теми за духовното издигнување на една личност, за немилосдрноста на војните и загубите кои ги носат, за загадувањето на воздухот, водата односно целата природа, за лагите на политичарите кои го трујат ова општество и го држат во окови на економско ропство, но сепак овој албум задржува позитивни мисли и позитивна енергија со која ги повикуваме сите луѓе да се зближат, почитуваат и заедно да се обединат против постоечките проблеми во кои живееме.

Е: Првите два албуми беа за „PMG Recording“, третиот го издаде „Password“, а потоа за четвртиот соработувавте со американската дискографска куќа „Locksmith“. Сега, пак, вашето музичко парче е под закрила на лондонскиот „Rehegoo Music Group“. Зошто се решивте да „запливате“ во нова соработка, со британскиот лабел?

Фото: Арбнора Мемети

– Лондонскиот “Rehegoo Music Group” изгледаше најсеризно и како најдобра опција за издавање на овој албум, тие не се само издавачи/лабел туку имаат посебни тимови за секоја категорија што на еден артист му е потребна. Имаат тим за аудио продукција, тим за видео продукција, дизајнерски тим, A&R отсек, маркетинг отсек итн. Тие самите не контактираа преку нивниот A&R тим презадоволни од досегашната наша музика и така започна нашата соработка за која се надеваме дека ќе биде најуспешна до сега. Сепак општо е познато дека британската музичка сцена отсекогаш била на завидно ниво за целиот свет, па вреди да се проба и ваква шанса.

Е: Колку време работевте на новиот петти албум?Кој продуцент работеше на него, и колку време соработувате со него?

– Првиот сингл “Shine” беше издаден 2018 и со издавањето на истиот сакавме да наговестиме дека се спрема нов 5ти по ред студиски албум на Conquering Lion. Бендот одлучи да не се брза за овој нов албум што го спремавме, сакавме да се изработи најдобро што може и затоа трпеливо работевеме на истиот. За еден артист најбитно е да ја пренесе својата порака до своите слушатели. Така да за нашата креација да биде комплетно создадена, снимена и продуцирана беа потребни 2 години. На “Revolution Time” има една соработка со италијанскиот реге артист Raphael, тоа е песната “Badman World” за која снимивме и видео запис, а воедно тоа беше и вториот сингл од новиот албум. Сите песни се компонирани и напишани од страна на целиот бенд Conquering Lion, албумот е снимен кај Гоце Трпков (САФ) во студио Bootlegz Basement Lab, Скопје. Албумот е миксан и мастеризиран исто од страна на Гоце Трпков.

Е: Бевте во пред номинации за најдобар реге албум на Grammy Awards во Америка со четвртиот албум “Land Of Cunfusion”. Дали може да очекуваме да се случи повторно со овој албум некој таков успех, можеби и поголем?

– Точно тоа беше еден од најсреќните моменти на Conquering Lion, да се најдеш на листата за најдобар реге албум на Греми наградите и како пре-номинација е огромен успех за нас затоа што на таа листа исто таја се запишаа артисти како Демјан Марли, Албороси, Стил Пулс, Хроникс итн. Со новиот албум “Revolution Time” не знаеме дали ќе се случи истото но со оглед на тоа дека и од тематски и од продукциски аспект е многу подобар од “Land of Confusion” очекуваме и овој албум да донесе големи успеси, а можеби и во топ 5 листата за најдобар реге албум на овогодинешните Греми награди.

Е: Работите неуморно веќе 13 години.Како успеавте да останете верни на вашата музика(Reggae) во овие простори и заедно како тим?

– Од почетокот па се досега преку секој албум и песна дознаваме повеќе и учиме повеќе за реге музиката и Растафари идеологијата. Во текот на овие 13 години сменивме многу членови и секој нов член што доаѓаше допринесуваше со нови идеи и нова енергија затоа и секој албум има различен звук и различни идеи. Ова патување исто така не доведе до многу нови пријателства, запознавме други артисти во и вон реге музиката со некои дури и отствартивме соработки кои беа забележани на претходните албуми или како синглови. Интересно е тоа што на почетокот бевме побунтовни и повеќе ни лежеа поагресивни теми и ритмови, дисторзирани звуци, текстови, а како што поминуваат годините се повеќе и повеќе не влечеше рутц реге (roots reggae) музиката и некако ја свртевме креацијата во тој правец.

Е: Што мислите за односот на медиумите кон домашната алтернативна сцена?

– Македонските медиуми многу слабо поддржуваат алтернативни артисти како нас кои творат вон традиционалните етно,фолк или турбо фолк правците и тоа е многу жално со оглед на тоа дека имаме најмалку по 1-2 артисти кои се одлични во својот жанр, дали е тоа рап, рок, ска-панк, реге што и да е имаме врвни и квалитетни бендови/артисти на кои им треба поголемо внимание и промоција. Нашите медиуми ќе изгубат време на некоја “no name” пејачка од Србија која вчера се снимила еден видео запис, но нема да пишат дека Суперхикс или Conquering Lion имаат нов албум доколку ние самите не тропнеме на нивните врати за да направат една кратка објава за нешто што многу значи. Секоја чест за некои медиуми кои секогаш пратат и даваат прилика на алтернативната сцена, но за жал тие се ретки. Сепак се надеваме дека во иднина ова ќе се смени и дека Македонските медиуми ќе обратат повеќе внимание на домашните артисти и бендови.

Е: Дали планирате концертна промоција за новиот албум “Revolution Time”?

– Се разбира, секако дека е во план да се направи концертна промоција на “Revolution Time” во скоро време, но прво мора да ја минеме кризата со корона па потоа да видиме како ќе се одвијаат работите и кои правила ќе ги опфатат јавните собири и настани, па според тоа ќе најдеме соодветен датум и место кај што ќе можеме да ги споделиме топлите реге вибрации што ги носи овој албум.

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....