13.8 C
Скопје
16:13 - 19 април, 2024

По 86 години пауза прва муслиманска молитва во Аја Софија, ќе присуствува и Ердоган

По 86 години пауза петочните муслимански молитви од денеска повторно ќе се одржуваат во Аја Софија, откако од музеј, повторно станаџамија.

Турскиот претседател  Реџеп Таип Ердоган, исто така, треба да присуствува на молитвата. Тој истакна дека очекува на молитвата да присуствуваат меѓу 1.000 и 1.500 верници.

Министерот за верски работи во Турција, Али Ербас, назначи тројца имами кои ќе ги водат молитвите во возобновената џамија.

Во пресрет на првата молитва, подот е покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи ќе бидат покриени со завеси за време на молитвата.

Надвор од Аја Софија властите ги одбележаа местата каде на молитвата ќе бидат мажите, а каде жените, а како што е најавено, настанот ќе биде обезбедуван од 17.000 службени лица.

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во пресрет на денешната молитва, неколку патишта до објектот се блокирани.

Државниот совет, највисокиот административен суд во Турција, на почетокот на јули донесе пресуда во корист на групата која сакаше да ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година Аја Софија да се претвори музеј, бидејќи кај нив постоеле сомнежи за автентичноста на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, на тој документ.

Веднаш по објавувањето на таа одлука, Ердоган издаде указ за претворање на „Аја Софија“ во џамија, објект кој од почетокот на својата историја бил византиска катедрала.

Поранешниот музеј долго време беше симбол на секуларизмот во модерната турска република.

Зградата служела како главна византиска катедрала сè до османлиската победа во 1453 година. До 1934 година Аја Софија била џамија, кога основачот на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, го сменил статусот во музеј.

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Аја Софија е една од најпопуларните турски атракции и минатата година ја посетиле околу 3,7 милиони туристи, а и натаму ќе биде отворена за туристи, со тоа што влезот ќе биде бесплатен,

САД, Европската унија, Русија, УНЕСКО и неколку црковни водачи изразија загриженост за промената на статусот на „Аја Софија“. Турција, од друга страна, инсистира на тоа дека тоа е нејзино „историско и суверено право“.

The post По 86 години пауза прва муслиманска молитва во Аја Софија, ќе присуствува и Ердоган appeared first on Слободен печат.


По 86 години пауза прва муслиманска молитва во Аја Софија, ќе присуствува и Ердоган was first posted on јули 24, 2020 at 10:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....