12.8 C
Скопје
12:15 - 18 април, 2024

Писмо од Вики, Македонка во Северна Италија: Седете дома или ситуацијата ќе нема крај!

„Убедете ги луѓето да седат дома, или оваа ситуација ќе нема крај!

Живеам во Сало (Езеро Гарда – провинција на Бреша), за жал во овој момент најспоменувана поради број на починати или заразени лица со коронавирус, заедно со соседен Бергамо. Фотографиите и видеата на воените возила што вчера ги пренесуваа ковчезите на починатите го обиколија светот… НО, се уште имаме луѓе што излегуваат да џогираат, се шетаат, одат во продавници до два пати дневно, или пак едноставно се собираат во приватен амбиент, кога единствен лек во моментов што секој може да го примени е да остане дома, освен ако е приморан да оди на работа или да му помогне на близок да се снабди со основните потреби.

Фотографија од шеталиштето во Сало на почетокот во март годинава, кога иако коронавирусот беше присутен во Италија, жителите наместо да се самоизолираат, масовно излегуваа на улиците. / Фото: Вики Ј.

Вирусот не е смртоносен за секого, но сe’ уште не знаеме колку здрави луѓе, без никаков симптом се пренесувачи… Дури и за болниците во северниот крај на Италија ова е премногу. Проблем се респираторните апарати, просториите за интензивна нега и медицинскиот персонал, кој воедно е единствениот човечки контакт на пациентите. Циркулираат илјадници писма на социјалните медиуми, медицинските лица раскажуваат на нивните фејсбук-профили како изгледа вистинската состојба на заболените, изолирани од сите, дури и во најтешките, последните моменти од нивниот живот…

За жал, сите пациенти кои умираат се САМИ, вирусот не дозволува никаков контакт! И се додека луѓето се бунат и се спротиставуваат на одлуката да седат дома, ова ќе нема крај. Сметам дека во Македонија народот се’ уште не ја сфака тежината на оваа ситуација. Би било добро да можеме да ги убедиме сите, сега е единствениот момент во кој можат да направат многу, и за себе и за другите, едноставно седете дома пред да почнат да се бројат жртвите како овде, бидеќи бројките не се измислени, некролозите низ местата и весниците не се плод на никаква завера… Секојдневно умираат луѓе околу нас, луѓе кои лично сме ги познавале. Не ја решавајте сега политиката или гласовите, тие не треба да бидат на прво место. Препукувањето на политичките партии е нешто што најмалку треба. Доволно е да се почитуваат и следат правилата издадени од министерствата. Што побрзо ќе заврши, побрзо ќе може и економски да застанат на нозе сите земји кои се борат со коронавирусот во моментов, бидејќи ова што сега се случува, ќе го почувстуваме подоцна сите.

Ние тука буквално сме во аларм, уште од втората половина на февруари, а се’ уште известуваат дека не е достигнат предвидениот „врв“ на заразата…

Затоа, седете дома, во овој момент и истегната нога е голем проблем за болниците!

Ако за некого ова е само обичен грип, верувајте дека дури и за држава со 60 милиони жители, 3.000 починати луѓе се премногу…

П.С. Во моментов известуваат дека и принцот Алберто од Монако е позитивен на Ковид-19…

И, ако е италијанската изрека: Aiutati che Dio ti aiuta – Помогни си и Господ ќе ти помогне!

Поздрав,
Вики Ј.“

The post Писмо од Вики, Македонка во Северна Италија: Седете дома или ситуацијата ќе нема крај! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....