25 C
Скопје
08:48 - 13 јули, 2026

Партиските челници на лидерската ќе решаваат за изборите

Избори ќе има, терминот е неизвесен, а партиските лидери за нивното одржување ќе решаваат на лидерската средба што ќе се одржи во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

Одлуката за датумот на изборите ќе треба да се донесе врз основа на стручните анализи на Комисијата за заразни болести.

Премиерот Оливер Спасовски, вчера соопшти дека одлуката за изборите пред се ќе се базира на интересите на државата и на граѓаните притоа оставајќи ги на страна сите политички интереси што ги имаат и ќе биде детерминирана од развојот на здравствената криза. Тој очекува на лидерската средба да се постигне договор во однос на одржувањето на изборите.

Според Спасовски, изборите е неопходно да се одржат што е можно поскоро.

– Не знам дали е идеално време јуни за да се одржат парламентарните избори, но заради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции што ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните, посочи Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, вели дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачаат здравствените експерти следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

За лидерот на СДСМ Зоран Заев нема да има посоодветен период за избори од јуни годинава. Сепак, услов е кризата со коронавирусот да биде целосно одмината. Изборите, според него, треба да се одржат поскоро и поради фактот што немаме Парламент, и имаме техничка, а не политичка Влада.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека во моментот изборите не се прв приоритет на партијата. Најважно е здравјето на граѓаните. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека ќе излезат со коментар по самата лидерска средба откако ќе ги воочат проценките на Советот за безбедност и каков ќе биде ставот на претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба кај шефот на државата во вторник поканети се лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на ДПА, на БЕСА и на Алијансата на Албанците. Поканет е и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој смета дека по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите. 

The post Партиските челници на лидерската ќе решаваат за изборите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....