18.8 C
Скопје
13:02 - 3 мај, 2024

Овие три европски држави имаат вкупно 30 починати од коронавирусот: Како им успеа тоа?

На Кипар по шест недели се ублажени мерките за ограничување на движењето, па Микалис Евелидис трча на плажата од бел песок и под блескавото сонце со поглед кон Средоземното море.

„Многу ми е драго што ќе дојдам на својата плажа и ќе запливам за првпат оваа година“, вели насмеан 39-годишниот жител на одмаралиштето Аја Напа, обично преполно со странски туристи, а денес пусто.

Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Кипарската влада оваа недела дозволи пливање во морето за прв пат од март, а на жителите им е дозволено и да излезат од дома до три пати дневно, наместо еднаш како досега.

Кипар е меѓу неколку отворени острови нации, како Исланд, Малта и Нов Зеланд, кои неодамна започнаа или наскоро планираат да ги ублажат мерките на забрана на движење.

Сите четири држави, барем засега, постигнале импресивни резултати во борбата против вирусот.

Постара жена со заштитна го чисти просторот пред нејзината продавница откако Кипар ги олесни рестрикнивите мерки / 04 мај 2020, Никозија, Кипар / Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Кипар на 11 март ги затвори училиштата и забрани поголеми собири, а на 21 март ги запре меѓународните летови, и подоцна воведе и полициски час.

Изгледа дека мерките успеале. На островот починале само 15 луѓе.

Според податоците на агенцијата Франц Прес, тоа го става Кипар меѓу седумте членки на Европската Унија со најмал број на починати од Ковид-19 во однос на бројот на жители.

Кипар е и меѓу десетте држави во светот по бројот на тестирани во однос на вкупната популација, покажуваат податоците на страницата Ворлдметер.

Валета, Малта / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

На таа листа прв е Исланд, додека Малта е четврта. Малта има и трета најдобра оценка на основа на починати во однос на број на жители. Во таа земја починале само 5 лица.

Големината е важна

Исланд заради ретката населеност не воведе карантин. Досега таму починале 10 лица.

Наместо тоа вовеле незадолжителни рестрикции и упатства за ограничувања на собири, прво на 20, а од понеделник на 50 луѓе.

Кјарта Хреин Нјалсон, помошник директор на исландската агенција за здравство, е недвосмислен околу методите со кои Исланд го запрел ширењето на заразата.

„Следењето на контакти, раното откривање, карантин, изолација и добра лична хигиена“, рекол тој.

Но тој признава дека државите со помал број на жители се во предност.

„Тоа помага луѓето да се мобилизираат и да соработуваат. Нас не има само 360 илјади, што ни дава шанса да изградиме чувство на заедница“, вели Нјалсон.

Поглед на езерото Тјорнин во центарот на главниот град / Рејкјавик, Исланд / Фото: EFE/TATYANA ZENKOVICH

Со него се сложува и Констан Макрис, професор на Технолошкиот универзитет во Кипар.

„Населението на остров е похомогено, па и комуникацијата еп олесна“, рекол тој и додал дека кај помалите нации полесни се и техничките прашања околу тестирањето.

Тестирањето е раширено и на северен Кипар, ентитет создаден по турската инвазија во 1974 година, кој бил одговор на воениот пуч со поддршка на Грција.

На таа територија на која живеат 300.000 луѓе и ја признава само Анкара, се тестирани повеќе од 14.000 луѓе. Починати се само четворица, објавиле тамошните власти.

Големи предизвици

Република Кипар со 131 жител на квадратен километар е малку погусто населена од Франција (119), каде бројот на мртви е 390 на милион жители.

Од друга страна, Малта е исклучително густа населена, со 1375 жители на квадратен километар.

Единствениот аеродром во Малта е затворен на крајот на март. Малта уште ги нема ублажено мерките, но планира тоа да го направи наскоро, постепено.

Професорот Макрис предупредува како во периодот на ублажување на мерки е „важно да се размислува за густината на населението“.

Човек со заштитна маска продава зелечнук на пазар во Никозија откако тамошните власти ги олеснија рестрикнивите мерки / 06 мај 2020, Никозија, Кипар / Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Тестирањето во Кипар сега ќе се фокусира на луѓето кои се враќаат на работа, нагласи министерот за здравство. Тој не крие колкав предизвик стои пред државата.

Дури и ако Кипар успее да ја продолжи својата успешна борба против вирусот, ќе остане исклучително тешко да се отвори на остатокот од светот. Тоа има големи импликации за туристичкиот сектор, што е важен и за економијата на Исланд и Малта.

„Тоа е прашање кое не загрижува сите“, рекол министерот за здравство на Кипар.

The post Овие три европски држави имаат вкупно 30 починати од коронавирусот: Како им успеа тоа? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....