24.8 C
Скопје
13:47 - 6 мај, 2024

Јанева: Законот беше моја Библија

Благодарам што после 10 месеци молчење и пандемија можам да ја кажам вистината која и ја должам на јавноста. Чест и долножст ми беше што бев избрана за Специјален јавен обвинител. Библија на мојата работа беше Законот за кривична постапка и Законот за СЈО. Според овие закони работев во изминатите години. Ние имавме многу тешки услови за работа. За сето тоа се изборивме заедно со мојот тим се изборивме да го добиеме, а ни беше одреден буџет од 4 милиони евра, изјави денеска во Кривичниот суд второобвинетата во случајот „Рекет“ Катица Јанева во својата одбрана.

– Дури 660.000 илјади фајлови ни беа дадени од опозицијата. Бидејќи јавноста беше многу заинтересирана за „бомбите“, се интересираа и за нас. Народот не подржуваше и со паролата „Нема правда нема мир“. Законите ни беа наша ѕвезда водилка. Дури 35 предмети кои требаше да ги води ОЈО ни беа дадени на нас – рече таа.

Јанева истакна дека нејзините вработени и биле многу важни и се гордеела со начинот на својата работа.

– Да знаете што сè знам јас знам од тие фајлови – нагласи Јанева.

Во процесот “Рекет” првообвинет е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а второобвинета е Катица Јанева.

„Рекет“ е направен за да се спаси Камчев, тврди Бојан Јовановски

The post Јанева: Законот беше моја Библија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....