11.8 C
Скопје
21:02 - 18 октомври, 2026

Јадете барем една порција салата дневно: Здравите навики се многу важни!

Пролетта е совршено годишно време за да почнете со „пролетно генерално чистење на организмот“. Затоа е најдобро да го искористите свежиот зеленчук, со кој можете да подготвувате најразлични сезонски салати.

Имено, доматите, марулата, зелката, краставиците, младите рдокви, младиот лук и кромид, можете да ги подготвите на многу начини со најразлични преливи и постојано да уживате во новиот избор на салата. За да го исчистите телото од наталожените отрови и маснотии што се наталожиле во телото во текот на целата зима, важно е да знаете дека тоа можете да го постигнете само со една порција свежо сечкан зеленчук на ден.

Запомнете, една свежа салата на ден е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето здравје.

Растителни влакна

Во составот на зеленчукот има изобилство од растителни влакна, кои се важни за нормалното работење на органите на дигестивниот систем. Доколку се јаде храна богата со растителни влакна, нејзиното варење ќе се одвива многу брзо, како и нејзиното исфрлање од организмот. Со тоа се избегнува таложење на остатоците храна во „џебовите“ на цревата.

Исто така, растителните влакна содржани во зеленчукот го одржуваат здравото ниво на холестерол во крвта, што е многу важно за спречување појава на кардиоваскуларни заболувања.

Нутритиенти што го чуваат организмот

Храната богата со нутритиенти го чува вашето здравје. Доколку редовно јадеме свеж лиснат зеленчук, како што е, на пример, зелката или марулата, постојат големи шанси телото да го „наполните“ со антиоксиданти, потоа со витамин Ц кој ќе помогне во подобрувањето на имунитетот, фолна киселина како и алфа и бетакаротен.

Препорачливо е во текот на денот задолжително да изедете и една краставица. Таа е исклучително здрава, бидејќи со витамините и со минералите што ги има, ќе го „наполните“ телото со потребните витамини и минерали за здраво тело.

Антиоксидантите што ги има во зеленчукот исто така го штитат телото од штетните слободни радикали.

Во дава чувство на ситост

Јадењето зеленчук во доволно количини ја задржува здравата тежина која ви одговара за да бидете и здрави и вити истовремено. Истражувањата направени на нутриционистите покажале дека консумирањето нискокалорична храна, каква што е салатата, дава чувство на ситост, што ве тера помалку да внесувате храна, а со тоа успешно да ја одржувате линија. Кога станува збор за јадење салати, единствено на што треба да внимавате е како ги зачинувате.

 

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....