10.8 C
Скопје
07:43 - 4 мај, 2024

Ова се мерките кои ќе треба да да ги применуваат кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници

Сајтот угостителство.мк вчера објави протокол за работа на кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници.  Во протоколот прецизно е наведено под кои услови овие објекти ќе почнат да функционираат по олабавувањето на мерките од коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека е можно угостителските објекти веќе од следната недела да почнат да се отвораат. Министерот за економија, Бектеши вчера изјави дека се очекува наското отворање на угостителските објекти.

Ова е протоколот кој го објави угостителство.мк.

Прва фаза

Согласно уредба на Владата, се забрани целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници. Кафетериите може да продаваат кафе и безалохолни пијалоци без посета на гости односно да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од кафетеријата (преку штанд/пулт).

Втора фаза

Се дозволува отворање на кафетериите со ограничувања во однос на начинот на работа и со почитување на протоколите за превземање на превентивни мерки во услови на епидемија од COVID-19.

Протокол за отворање и работа на кафетерии

    1. Ограничено работно време (до 18 часот)
    2. Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите
    3. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
    4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
    5. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
    6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
    7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци
    8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
    9. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
    10. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Трета фаза

Согласно епидемиолошката состојба, се дозволува воведување на редовна работа на кафетериите во целиот објект и се дозволува работа на барови, клубови, казина и спортски обложувалници со почитување на соодветен протокол.

Протокол за редовна работа на кафетерии, барови, казина и спортски обложувалници

    1. Редовно работно време
    2. Се дозволува работа во целиот објект
    3. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
    4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
    5. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6m² за една маса со 4 столови
    6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
    7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна
    8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
    9. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
    10. Дозволено организирање на прослави со почитување на горенаведените мерки и согласно капацитетот на угостителскиот објект.

The post Ова се мерките кои ќе треба да да ги применуваат кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....