14.8 C
Скопје
21:33 - 28 април, 2024

Опасниот бразилски култ за хидроксихлорокин: Претседателот го фали, луѓето го користат и умираат

Полицаецот Џонас Мендонк (58) од Бразил починал од последиците на коронавирусот. Тој имал вишок на килограми, но инаку бил здрав, кога ги добил благите симптоми на Ковид-19, рекла неговата фамилија. Четири дена подоцна имал треска и бил хоспитализиран. Набргу починал, а го користел озлогласениот лек хидроксихлорокин.

Следејќи ги советите на министерот за здравство на Бразил, докторите му дале хидроксихлорокин, заедно со антибиотици и антипиретици, според зборовите на семејстовото.

– Во последните два дена докторите беа многу оптимистични. Треската исчезна, респираторната состојба се поправаше, рекла неговата ќерка Тајс Сатурнино Мендонка, пренесува Си-Ен-Ен.

Сепак, полицаецот изненадно починал.

– Божја волја, рекла неговата ќерка.

Во Бразил, каде е најлоша пандемијата на коронавирусот во Јужна Америка, секој ден се забележуваат нови 500.000 случаи.

Иако науката покажа дека лекот не делува, министерот за здравство и претседателот Жаир Болсонаро инсистираат на тоа дека делува, притоа давајќи им лажна надеж на многу Бразилци.

Братот на починатиот полицаец исто така користи хидроксихлорокин, како дел од уште еден недокажан лекарски коктел подржан од владата со ивермектин и азитромицин.

– Тука сум, рекол тој како доказ на дејството на лекот, додавајќи дека многу негови пријатели кои го користат истиот лек се чувствуваат добро.

Меѓутоа, повеќе студии докажаа дека лекот не е делотворен против коронавирусот, дури може и да биде штетен.

Професорката Флавиа Мачадо спроведе најголемо истражување на лекот во 55 болници во Бразил. Таа рекла дека иако продолжуваат да ја проценуваат неговата употреба во раните фази на болеста, засега би требал да се користи само во клинички испитувања.

– Ги проучуваме штетните ефекти и се што моментално забележуваме, со добро ниво на докази, покажува против употребата на лекот, рекла таа за Си-Ен-Ен.

Лекарите го препишуваат лекот под притисок?

Претседателот на Бразил, Болсонаро продолжува да го фали лекот при средби со поддржувачите, тврдејќи дека тој е заслужен за неговото закрепнување од болеста.

Бразил увезе милиони дози на лекот, а истражувањето направено во недела од лекарското друштво во Сао Паоло покажало дека 50 отсто од лекарите во државата чувствувале притисок да го препишат неодобрениот лек.

Претседателот неодамна ја смени реториката, велејќи дека за лекот пациентите треба да се договорат со докторите. Меѓутоа, охрабрувањето од страна на министерот за здравство, кој вели дека сите пациенти, па дури и бремените жени треба да го користат, имало големо влијание.

Меѓу поддржувачите на претседателот, кои го поддржуваат спорниот лек, има и оние кои и понатаму ги почитуваат пропишаните мерки.

Така во една црква во Бразилија, верниците носеле маски и користеле средства за дезинфекција, седеле на растојание, што го препорачуваат здравствените експерти ширум светот.

Сепак, тие имаат голема поддршка за претседателот и очигледно за лекот кој тој тврди дека го излечил.

Пасторот Вилберт Батиста излегол на бина и почнал со љубезни зборови за претседателот, со кој често е снимен како пијат кафе и ручаат, па дури заедно се возеле и во хеликоптер.

– Во нашата земја го имаме претседателот и нашата библиска должност е да се молиме за него. Господ еднаш ме одведе кај него и очекувам дека тоа ќе се случи повторно. Зошто? Затоа што Господ знае и се моли за него. Заради тоа, Бразил веќе има резултати кои не можат да се објаснат. Нашата земја е добра, во име на Исус, рекол пасторот. Покрај него имало и слика од претседателот.

Батиста за Си-Ен-Ен рекол дека во црквата не разговараат за медицината, но дека имаат доктори кои се согласуваат со третманот кој за кој претседателот зборел.

– Немаме ниту една смрт во црквата. Во заедница од 3.000 луѓе, едно лице е хоспитализирано, други живеат без симптоми. Некои од инфицираните земаа хидроксихлорокин со азитромицин. Други ги следат лекарските совети кај докторите, рекол пасторот.

The post Опасниот бразилски култ за хидроксихлорокин: Претседателот го фали, луѓето го користат и умираат appeared first on Слободен печат.


Опасниот бразилски култ за хидроксихлорокин: Претседателот го фали, луѓето го користат и умираат was first posted on јули 30, 2020 at 8:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....