16.8 C
Скопје
19:25 - 4 мај, 2024

Дали позади шведската стратегија стои секта? Познат доктор тврди дека таа води до непотребни смртни случаи (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најгласните шведски критичари на националната стратегија во борбата против коронавирусот тврди дека недостатокот на критичко размислување на здравствените агенции и на шведските медиуми створи опкружување кое личи на „секта“ кое води до непотребни смртни случаи.

Докторот за инфективни болести и професор, Бјорн Олсен рекол дека Шведска можела да избегне многу негативни последици ако порано биле преземени посилни реакции, вклучувајќи карантин за повратниците од странство, порано поставена блокада и препорака да се носат маски.

Олсен е гласен критичар на стратегијата на Агенцијата за јавнот здравје за време на пандемијата на коронавирусот и е еден од 22 научници кои редовно се повикувале на нејзина промена преку шведските медиуми, пренесува порталот „Thelocal.se“.

– Премногу луѓе загинаа пред своето време. Умреа од вирус кој немаше потреба да се шири неконтролирано, рекол во програма на шведското радио.

Тој на едночасовната емисија додал дека „нема доволно време“ за да се направи список на сите грешки кои ги направила шведската Агенција за јавно здравје.

Олсен исто така ги критикувал и шведските медиуми заради, како што рекол тој, недоволното преиспитување на стратегијата, велејќи дека тоа во комбинација со „размислувањето на групите“ во агенциите создало „смртоносен коктел“.

– Сектите се опасни и многу медиуми беа верни проповедници во сектата околу шведската стратегија. Групи имаат корист од тоа во собата да имаат „адвокат на ѓаволот“, испитувач кој го оспорува гледиштето на групата. Тоа очигледно недостасуваше кога Агенцијата за јавно здравје ја опиша пандемијата на коронавирусот како обичен грип, рекол Олсен.

Државниот епидемиолог Андерс Тегнел, кој стана главно лице на стратегијата, исто така присуствуваше во оваа радио емисија претходно.

Тегнел рекол дека во Шведска умреле премногу луѓе, додавајќи дека земјата ќе мора во иднина да разгледа дали имало начини да се спречи толку висока стапка на смртност.

Тој го окарактеризирал бројот на смртни случаи меѓу старите луѓе во Шведска како „посебно голем неуспех“. Но, бидејќи пандемијата и понатаму трае, како што рекол тој, невозможно е да се извади заклучок која стратегија би била најдобра.

Бјорн Олсен рекол дека не верува дека е можно вториот бран на вирусот да е толку силен, но дека Шведска и светот ќе мораат да очекуваат локални кластери и дека веројатно ќе мора уште долго да се живее со коронавирусот.

The post Дали позади шведската стратегија стои секта? Познат доктор тврди дека таа води до непотребни смртни случаи (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Дали позади шведската стратегија стои секта? Познат доктор тврди дека таа води до непотребни смртни случаи (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on јули 30, 2020 at 7:32 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....