11.8 C
Скопје
09:30 - 4 мај, 2024

Научниците велат дека заразата со коронавирус преку аеросоли веројатно e можна

Научниците веќе неколку месеци знаат дека коронавирусот може да остане во воздухот во облика на аеросоли кога заразените зборуваат или дишат, но досега немаше докази дека тие малечки честички се заразни.

Новата студија на научниците од Универзитеот Небраска покажа првпат дека САРС-Ков-2 во микрокапки капки кои се дефинираат како оние под пет микрони може да се реплицираат во лабораториски услови.

Тоа ја зајакнува тезата дека нормалниот говор и дишење, а не само кашлањето и кивањето, се одговорни за ширење на коронавирусот, како и дека инфективните дози од вирусот може да патуваат на многу поголема дистанца од два метри колку што се сега насоките за физичка дистанца.

Тие резултати и натаму за сметаат за прелиминарни не се уште не се појавени во рецензирано списание, што би им дало поголема веродостојност.

Меѓутоа, објавени се на веб страницата medrxiv.org на која во текот на пандемијата главно првпат се објавуваат врвни истражувања.

Истиот тим објави во март труд кој покажува дека вирусот останува во воздух во просторите каде се хоспитализирани ковид пациенти и таа студија наскоро треба да биде објавена во стручно списание.

За неа научниците зедоа примероци од пет простории во кое лежеа пациенти во кревети, на висиона од околу 30 сантиметри над креветите.

Пациентите разговарале, со што произведувале микрокапки кои се ширеле преку аеросоли неколку часа.

Таквата трансмисија се чинеше невозможна

Тимот успеа да собере микрокапки и ги стави во култура која требаше да им овозможи размножување. Три од 18 примероци успеаја да се реплицираат.

За Џошуа Сантарпиа, професор во Медицинскиот центар на Универзитетот Небраска, тоа претставува доказ дека микрокапките кои можат да преминат и поголеми дистанци отколку поголемите капки кои можат да ги заразат луѓето.

„Се реплицираат во клеткената култура и поради тоа се заразни“, рече тој.

Потенцијалот на трансмисијата на микрокапки на коронавирусот во еден момент на научниците им се чинеше невозможен.

Подоцна почнаа да го менуваат мислењето и признаа дека можеби постои можност и од такво ширење на зараза, и тоа е, сметаат, доволна причина за носење маски.

СЗО е една од последните која го смени своето мислење и тоа на 7 јули.

СЗО тогаш објави дека планира да ги ажурира своите совети откако стотици експерти побараа од оваа агенција на ОН да ги разгледаат ризиците за ширење на коронавирусот преку аеросоли.

„Мислам дека повеќето научници кои работата на заразни болести се сложуваат дека веројатно постои воздушна компонента, иако може да расправаме колку е голема“, рече Сантарпиа.

 

The post Научниците велат дека заразата со коронавирус преку аеросоли веројатно e можна appeared first on Слободен печат.


Научниците велат дека заразата со коронавирус преку аеросоли веројатно e можна was first posted on јули 22, 2020 at 8:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....