11.8 C
Скопје
21:31 - 19 април, 2024

Лек против вошки го убива коронавирусот во лабораторија, ќе се тестира и на луѓе

Анти-паразитскиот лек Ивермектин, кој се користи против вошки и паразити, го убива коронавирусот во лабораториски услови за 48 часа, покажа студија на австралискиот универзитет Монаш.

Иако се покажал како ефектен во лабораториски услови, Ивермектин уште не може да се користи за лекување на пациенти со коронавирус, додека не се спроведе дополнително тестирање и додека не се завршат клиничките студии за да се потврди делотворноста на лекот и да се утврди во колкава доза треба да им се дава на пациентите. Потенцијалното користење на Ивермектин за борба против ковид 19 останува недокажано и зависи од тестирањата пред клиничката студија за да се продолжи со работата.

Доктор Кајли Вагстаф, од Институтот за биомедицина на универзитетот Монаш, која ја водела студијата, вели дека научниците покажале дека Ивермектин го запира ширењето на Сарс Ков 2 вирусот во клеточните култури за 48 часа.

Откривме дека дури и единечна доза може значително да ги отстрани виралните РНА за 48 часа и дека дури и за 24 часа тие навистина значително се намалуваат, изјавила доктор Вагстаф.

Таа предупреди дека тестовите спроведени во студијата биле ,,ин витро” и дека мора да се спроведат тестирања кај луѓе. Ивермектинот е многу широко употребуван и се смета за безбеден лек. Но, треба да утврдиме дали дозата што би им се давала на луѓето ќе биде ефективна. Тоа е следниот чекор.

Таа додава дека за вакцина против коронавирусот веројатно ќе треба да помине подолго време, а во меѓувреме е корисно да се има третман кој е широкораспространет во светот, за да им се помогне на луѓето.

Ивермектин е веќе одобрен антипаразитски медикамент од страна на Американската агенција за храна и лекови, а кога се испитувал ,,ин витро” покажал голема ефикасност и против широк спектар на вируси како ХИВ, Инфлуенца и Зика вирусот. Ивермектинот е исто така, широко достапен, односно го има во речиси сите земји. Еден од главните автори на студијата, доктор Леон Кали од болницата Ројал Мелбурн изјави дека како вирусолог што учествувал во изолирањето на Сарс Ков 2 надвор од Кина во јануари 2020 година, тој е многу возбуден за можноста Ивермектин да се користи како потенцијален лек за Ковид19.

The post Лек против вошки го убива коронавирусот во лабораторија, ќе се тестира и на луѓе appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....