20.8 C
Скопје
20:07 - 29 април, 2024

Избори сепак ќе има!

Избори сепак ќе има, и тоа на 12 април како што беше договорено. Пратениците се распуштија, а претседателот на парламентот Талат Џафери ги распиша изборите. Од тој аспект би требало сите политички партии кои ги заговараа изборите да бидат задоволни, а најмногу ВМРО ДПМНЕ бидејќи таа партија изразуваше најмногу недоверба дека тоа ќе се случи.

Завршницата на работата на овој парламенатрен состав беше тензична. Можеби не онака како на самиот почеток пред три и пол години, но сепак со отпор меѓу пратеничките групи при донесувањето на повеќето значајни законски решенија.

Во тој дух заврши и донесување на Законот за Јавното обвинителство за чие донесување беа потребни две третини од пратениците.

Обезбедувањето на двотретинско мнозинство беше исклучително тешко поради отпорот од страна на ВМРО ДПМНЕ да соработува и да придонесе за консензуално решение за законот.
Се случи независните пратеници кои произлегоа од од оваа партија да бидат поконструктивни и интересот на државата да го стават пред теснопартискиот интерес и на тој начин да понудат решенија кои беа подобрување на текстот на законот.

На крајот резултатот беше 80 пратеници го подржаа законот за ЈО.

Зоран Заев задоволен вели:

-Успеавме, ставивме уште еден темел на неселективна правда и на правосудство кое гарантира одговорност за секој кој го прекршил законот. Се изборија две третини од пратениците, презедовме чекори кон силна правна држава. Им честитам на сите 80 пратеници кој го препознаа овој момент како клучен, ги пребродија притисоците и гласаа за донесување на Законот за ЈО.

Христијан Мицковски незадоволен:

-Сето ова е спротивно на процедурите и деловникот во парламентот, има основано сомневање за контрадикторности со Уставот, а и немаше Бадентерово мнозинство. Го повикувам претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство, затоа што ваков каков што е ако го потпише ќе биде соучесник.

Според него изгласувањето на законот било се, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата.

Според реакциите на меѓународната заедница се чини дека учинокот е спротивен и дека имиџот на државата е пораснат.

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот задоволно ќе воскликне:

-Добри вести од нашите пријатели од Северна Македонија: Парламентот штотуку го усвои двотретинскиот Закон за Јавното обвинителство. Натамошен чекор кон владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија. Сега е на ЕУ конечно да испорача, напиша напиша на Твитер германскиот министер за европски прашања,Рот.

Инаку како да имаше чудно совпаѓање, истата вечер кога македонското Собрание ги носеше законите Претседателот на Европски совет Шарл Мишел организира неформална вечера за лидерите од Европската Унија и од Западен Балкан. Според него состанокот е посветен на стратешката расправа за заедничките цели на ЕУ и на Западен Балкан.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеф Борел од таму порача дека усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е важен чекор во имплементацијата на реформите и дека нашата земја има волја да направи се што е потребно за да има европска перспектива.
Тој додаде дека денеска и утре ќе се разговараа за Европскиот совет да ја отвори вратата за европската перспектива на регионот.

Претседателката пак на ЕК Фон дер Лајен нагласи дека Западен Балкан е поблиску до ЕУ и се надева оти Севрна Македонија и Албанија може да почнат преговори пред самитот во Загреб во мај.
Оттаму можеме да заклучиме дека нема да треба многу долго да чекаме за да се увериме дали била залудна драмата и упорноста да се донесе законот за ЈО пред спроведувањето на изборите.
Се надеваме дека на истиот перон во исто време ќе пристигне и ратификацијата од страна на Шпанија на договорот за членството во НАТО.

The post Избори сепак ќе има! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....