14.8 C
Скопје
12:22 - 4 мај, 2024

„Гејм оф тронс“ на македонски начин во режија на ДУИ, ДПА и Алијансата

Оваа изборна кампања, покрај другото, ќе остане запаметена и по воинствената реторика на партиите од албанскиот политички блок. Борбата за власт, ги разбуди духовите на војната кај поранешниот командант на ОНА Али Ахмети кој 18 години е на чело на ДУИ, а повеќе од 16 години во власта. Македонската јавност беше изненадена од видео пораката во која Ахмети посочува дека Албанците треба да се обединат околу идејата за Албанец премиер, исто како што биле обединети во ОНА за време на војната.

По ваквата понуда на претседателот на интегративците, следеа реакции на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со кои се оградија, но затоа пак првите луѓе на ДПА Мендух Тачи и на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ја продолжија воинствената игра. Тачи најави дека доколку има Влада без Албанци, тогаш можно е да има војна, па потоа објасни дека бил погрешно разбран. Села, пак, порача дека ако победникот на овие избори планира мнозинство само со македонски партии, Албанците ќе формираат влада со албанските политички партии.

Слободен печат го праша воениот експерт Благоја Марковски дали е можно да се оствари военото сценарио од 2001 година за кое толку често говорат лидерите на албанските партии во оваа изборна кампања. Марковски со став дека ваквите изјави не претставуваат реална закана, бидејќи се предизборен маркетинг.

– Ова е 21 век и проблемите мораат и се решааваат на демократски начин низ системот на институциите. Од тој аспект, ваквите закани немаат реална основа, особено затоа што нашата земја има и позитивни и негативни искуства од минатото поврзано со решавањето на безбедносните внатрешни проблеми – вели Марковски.

Но, сепак зачудува фактот, зошто партиите на Албанците толку често говорат за војни, воени дејствија, паралелни влади, во држава која е членка на НАТО, за што тие така силно се залагаа. Дали тоа што Македонија е членка на Алијансата не зборува и за определена зрелост на државата но и за развојот на демократијата во нашето општество што дава гаранција дека сепак, сите проблеми имаат можност да се решат на демократски начин. Во членот 5 од НАТО договорот, пишува дека Алијанса ќе и помогне на секоја своја членка доколку се појави или и претстои агресија од надвор. Но, согласно овој член, НАТО не се меша во внатрешните работи на било која своја членка.

Според Марковски, кога би настанала некаква безбедносна криза внатре во земјата, од внатрешни чинители, тоа ќе мораме ние сами да си го решиме.

– Секако дека НАТО со свои трупи не би влегол во Македонија, но НАТО има можности и методологија во советодавна смисла. И од тој аспект можеме да се надеваме, не на воена, туку на советодавна помош од НАТО структирите. Заклучокот сепак треба да биде дека на Македонија не и претстои никаква внатрешна безедносна опасност. Сметам дека Македонија има капацитет да го разреши било кој безбедносен и политички проблем согласно Уставот и законите. Никаде не пишува, дека под закана, тој што ќе го добие мандатот да формира влада, треба да исполнува нечии желби и очекувања. Сепак треба да се има во предвид мултинационалносота на нашето општество и во секој случај досегашната практика на вклучување во власта на субјекти од политичката сфера на националностите се покажува какао позитивен тренд и добар пример за понатамошниот развој на нашата земја – вели Марковски.

И според поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин не е исклучено за време на изборни капањи, под притисок на емоци и еуфорија да се искажат одредени агресивни пораки.

– Вo денешниот контекст и со сите граѓански и колективни права што ги уживаат Албанците со Охридскиот договор, заканите се нелогични и нема да можат да сметаат на меѓународна подршка. Алијанста не се меша во внатрешните работи на своите членки, освен ако дестабилизацијата не е иницирана од странска сила. И во тоа „мешање“ најнапред постојат дипломатски алатки, а потоа воени алатки, но нашата држава е далеку од такви сценарија – вели Ружин.

Вчера и претседателот на ДПА Тачи во „Утрински брифинг“ посочи дека барањето на Ахмети за премиер Албанец претставува директна закана, бидејќи тој бил свесен дека ќе биде опозиција. Токму затоа, според Тачи, последната алка на Ахмети му бил национализмот. бидејќи сакал да направи голема тензија, надевајќи се дека ќе биде прв кај Албанците, со сценарио од 2001 година.

– Да не заборавиме, ние сме членка на НАТО. Сите зовриени глави на одредени радикални структури на Албанците, треба да знаат дека таквите сонови не постојат. Бидејќи кај Македонците нема можни фрустрации дека ние Албанците имаме резервни планови за Македонија. Завршена е таа приказна. Многу јаки гарантори има за нашиот идентитет, а тоа е НАТО – рече Тачи.

The post „Гејм оф тронс“ на македонски начин во режија на ДУИ, ДПА и Алијансата appeared first on Слободен печат.


„Гејм оф тронс“ на македонски начин во режија на ДУИ, ДПА и Алијансата was first posted on јули 9, 2020 at 9:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....