10.8 C
Скопје
04:28 - 25 април, 2024

Андоновиќ: Екстремни левичари и десничари, странски служби или самиот Вучиќ- кој стои зад хаосот во Белград? (ВИДЕО)

Деветнаесет повредени полицајци и 17 повредени демонстранти е билансот од синоќешниот втор ден на насилни протести и судири на полицијата и демонстрантите на улиците во Белград.

Насилните протести кои беа предизвикани од одлуката на преседателот на Србија Александар Вучиќ за враќање на полицискиот час и забрана за движење поради растечкиот број на заразени од коронавирусот, преминаа во целосен хаос и анархија во Белград, Нови Сад и Ниш. Вчера беа регистрирани и напади врз лидерот на Движењето за Србија, актерот Сергеј Трифуновиќ кој бил нападнат од дел од демонстрантите. Пријава за напад имаше и лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ кој првиот ден од протестите беше обвинет дека ги раководи агресивните хулигани во нападите врз полицијата.

Почнаа и меѓусебните обвинувања за тоа кој стои зад насилствата на улиците на Белград. Власта ги обвини опозиционите лидери кои ги бојкотираа изборите дека сакаат наместо демократски, по насилен пат да ја урнат легитимно избраната власт. Вучиќ и српската влада го обвинија и Сорос дека ги финансира демонстрантите преку таканаречена ,,Обоена револуција“ да го урнат Вучиќ од власт. Српската влада пак посочи дека за овие нереди стои и една странска разузнавачка служба, но одби да ја именува.

Од друга страна дел од опозицијата која ги бојкотираше изборите и кои дадоа подршка на протестите, го обвинуваат Вучиќ дека меќу демонстрантите инфилтрирал полициски и криминални структури за да прават хаос и да прикажат дека демонстрантите се насилни. Исто така се обвинува дека хаосот има за цел да се оттргне вниманието од лошата состојба во државата, но и како што изјавуваат, дефокусот од како што велат предавството и продажбата на Косово. Едниот од лидерите на опозицијата Драган Ѓилас смета дека Вучиќ преку овие протести сака да ја одбегне најавената посета на Париз и средбата со Емануел Макрон, бидејки американскиот предлог кој го прифатил за размена на територии со Приштина, нема подршка од европските држави и ЕУ.

Нови протести против политиката на Вучиќ се закажани и за денеска попладне, а според најавите, тие ќе траат и наредните денови.

The post Андоновиќ: Екстремни левичари и десничари, странски служби или самиот Вучиќ- кој стои зад хаосот во Белград? (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Екстремни левичари и десничари, странски служби или самиот Вучиќ- кој стои зад хаосот во Белград? (ВИДЕО) was first posted on јули 9, 2020 at 10:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....