13.8 C
Скопје
21:42 - 28 септември, 2026

(ФОТО) ГО ИМАМЕ ИДИОТОТ НА ГОДИНАТА: Од „чиста мира“ отишол во Кабул да види како е таму…

На Гугл напишал „најопасните градови за посета“, и така… На крајот се одлучил за Кабул. Неговото име е Мајлс Рутлиџ, има 22 години и Англичанец е. Студира физика на Универзитетот Лафборо во Обединетото Кралство. Си избра сосема погрешен тајминг за да замине за Авганистан и да биде сведок на се на неговите канали Twitch и 4Chan.

Слетал во Кабул на 13 август, додека Талибанците ја освојуваа територијата.

 

Идиотски избор – како што беше дефинирано на социјалните мрежи од илјадници корисници- зашто Мајлс си го ризикувал животот. Во секој случај, избор што може скапо да го чини.

И поркај тоа што беше добро опремен и во постојан контакт со своите пријатели и следбении кои го „брифираа“ со информации особено поврзани со неговата сигурност, на крајот Мајлс сам си сфатил дека е во неволја, кога ситуацијата со напредувањето на Талибанците ширум територијата станала застрашувачки брза.

И така, тој прво купил бурка за да го скрие својот идентитет, а потоа ги обиколил амбасадите барајќи помош, но – наишол на затворени врати. На крајот успеал да се спаси со тоа што пристигнал во засолништето на ОН заедно со други странци. И оттаму направил уште еден пренос во живо на Твич, кажувајќи им на корисниците „дека не жали што замина“.

Среќен крај

Во изминатите неколку часа тој успеа да биде евакуиран во Обединетите Арапски Емирати:

„Еве го среќниот крај: Слетав во Дубаи благодарение на брилијантните луѓе од британската армија. На безбедно сум“, напиша тој.

Сепак, оваа идиотска лекција не го опамети! Предмалку тој изјави за „Инпут“ дека сака да оди во Северна Кореја!

 

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо
Се вчитува....