7.8 C
Скопје
08:44 - 19 април, 2024

Филипче: Намален е процентот на хоспитализирани

Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од Ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени.

– Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со Ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два проценти, односно од 11,5 отсто на 15 јули на 9,7 отсто на 23 јули, наведува Филипче.

Тој посочува дека во континуитет, процентот на хоспитализирани лица од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12 проценти.

– Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен, порачува министерот Филипче во објавата на Фејсбук.

The post Филипче: Намален е процентот на хоспитализирани appeared first on Слободен печат.


Филипче: Намален е процентот на хоспитализирани was first posted on јули 25, 2020 at 10:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....